Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Европа се обиде да ги запре кинеските автомобили, но резултатот е сосема спротивен.

Европската Унија воведе дополнителни царини на електричните автомобили од Кина за да ги заштити домашните производители и да ги натера кинеските брендови да отворат фабрики во Европа.

Меѓутоа, планот тргна во спротивна насока. Наместо забавување, продажбата на кинески возила продолжува да расте, а брендови од Кина наоѓаат начини да ги избегнат повисоките давачки.

Оваа година на пазарите во ЕУ, Обединетото Кралство и ЕФТА се очекува повеќе од 700.000 продадени кинески автомобили – што е голем скок во однос на 408.000 од 2024 година, и покрај царините до 35 проценти што беа воведени во 2025 година.

Царините се однесуваат на електрични автомобили и plug-in хибриди, додека „класичните“ хибриди и моделите со SUS мотор се оданочуваат само со основна такса од 10 проценти.

Кинеските производители брзо го пренасочија фокусот кон тие модели, кои се поевтини од европските.

Поради и до 30 проценти пониски производствени трошоци во Кина, на повеќето брендови не им се исплати да отвораат фабрики во Европа само за да ги избегнат царините. Наместо тоа, тие ја користат постојната дупка во правилата.

Така, оваа година околу две третини од кинеските возила беа увезени со само основната давачка. Уделот на електричните модели од Кина падна од 44 проценти во 2024 на 34 проценти во 2025 година.

Помалку од 20.000 кинески автомобили ќе бидат произведени во Европа во текот на оваа година. BYD ќе го измени тоа делумно со отворање на голема фабрика во Унгарија, но повеќето други производители сè уште двоумат.

Има најави: Leapmotor планира производство на моделот B10 во Шпанија, Great Wall Motors цели кон 300.000 возила во Европа до 2029 година, додека Dongfeng, Hongqi, Chery, XPeng и GAC ги испитуваат локалните можности или веќе склопуваат многу мали количини возила.

За сега, сепак, кинеските компании јасно покажуваат дека европските царини не им претставуваат сериозна пречка – дури напротив, парадоксално, им одат во корист.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Авто новости

Porsche ја претстави новата стратегија до 2035 година

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Read more

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Автомобили

Porsche ја претстави новата стратегија до 2035 година

Читај повеќе

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе
  • filter

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Читај повеќе

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Читај повеќе

Porsche AG го основа „Домот на спортските автомобили“

Читај повеќе

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе