Новото Volvo XC70 вози на бензин, но и „на струја“

Скандинавскиот производител претставува иновативен SUV со средна големина со досег до 200 километри во електричен режим.

Volvo Cars денеска го потврди пристигнувањето на убедливо plug-in хибридно возило. Тоа е новиот XC70 SUV со средна големина. Со импресивен електричен дострел до 200 километри, овој модел поставува нов стандард во хибридната понуда на брендот.

Изграден на новата SMA платформа, XC70 првично е насочен кон кинескиот пазар, каде што ќе биде достапен за нарачка подоцна оваа година, со можно проширување на други пазари во иднина. Очигледно е дека ова е модел кој дели сè со моделот LYNK & CO 08, првото plug-in хибридно возило кое е претставено со дострел од 200 км.

„XC70 го означува нашиот стратешки влез во проширениот хибриден сегмент, совршен мост кон целосна електрификација“, рече Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars.

Овој модел ги комбинира најдобрите од двата света, еколошкото и економично градско возење со електрична енергија и слободата на патување на долги релации благодарение на конвенционалниот мотор. Во однос на дизајнот, XC70 носи модерна скандинавска естетика со препознатливиот „Чекан на Тор“ напред и задните светла во форма на буквата C интегрирани во стаклото.

Новиот XC70 го продолжува наследството на својот легендарен претходник, но во формат на SUV со средна големина, малку поголем и попростран од сегашниот XC60.

Повеќе детали за ова возбудливо дополнување на гамата на XC ќе бидат објавени во наредните месеци.

Тагови
реклама

Авто новости

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Read more

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Read more

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Read more

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Read more
 

Автомобили

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Читај повеќе

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Читај повеќе

Citroën експериментираше со дизајнот и го создаде концептот ELO

Читај повеќе

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Читај повеќе

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Читај повеќе

Сè повеќе купувачи се откажуваат од електричните автомобили, се враќаат на бензинци​

Читај повеќе

Volkswagen работи на автономно возило без волан и педали

Читај повеќе

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Читај повеќе

Volkswagen ја менува стратегијата

Читај повеќе