Путин ја повози новата Volga

Рускиот претседател Владимир Путин лично го возеше и позитивно го оцени новиот руски автомобил Volga K50 за време на работната посета на Нижни Новгород.

Путин претходно беше запознаен со карактеристиките на новата линија автомобили Volga, по што ги испроба возачкото и совозачкото седиште.

Потоа рускиот претседател седна зад воланот на кросоверот Volga K50 и го возеше помеѓу два производствени погони во рамките на автомобилскиот кластер Нижни Новгород.

По возењето, Путин рече дека кабината е „удобна и тивка“, додека автомобилот го оцени како „многу добар за возење“.

За време на посетата на фабриката, тој зборуваше и за иднината на автомобилскиот транспорт, оценувајќи дека најверојатно припаѓа на хибридните возила.

„Иднината најверојатно припаѓа на хибридните начини на транспорт, а за нас, природниот гас како гориво, се разбира, се чини дека е најперспективен“, рече Путин.

Соработка со кинески бренд

Тој додаде дека експертите во Европа сега размислуваат дали е оправдано да се насочат сите напори кон развој на исклучиво електричен транспорт.

Volga K50 претставува нов кросовер од Д-сегментот и е еден од моделите што го означуваат официјалното враќање и оживување на легендарната советска марка автомобили Волга.

Автомобилот, сепак, не е целосно оригинален домашен производ, туку е создаден како лиценциран ребрендиран модел базиран на кинескиот теренец Geely Monjaro.

Производството и склопувањето на автомобилите се вршат во Нижни Новгород, во производствените капацитети на поранешната фабрика на Volkswagen.

реклама

Авто новости

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Read more

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Read more

Автомобили

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе
  • filter

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Читај повеќе

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Читај повеќе

Porsche AG го основа „Домот на спортските автомобили“

Читај повеќе

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе