Сè повеќе купувачи се откажуваат од електричните автомобили, се враќаат на бензинци​

И покрај годините силно поттикнување на електричните возила, изгледа дека трендовите на пазарот се менуваат. Сè поголем број купувачи повторно се насочуваат кон класични бензински и дизел мотори, додека ентузијазмот за електричните автомобили видливо слабее. Нова студија открива дека транзицијата кон електрификација наидува на поголем отпор отколку што се очекувало.​

Извештај на консултантската компанија EY покажува дека усвојувањето на електричните возила забавува на глобално ниво, делумно поттикнато од промени во политиките, како оние неодамна воведени во Соединетите Американски Држави.​

Преференции на купувачите

  • Мотори со внатрешно согорување (бензин/дизел): 50%​
  • Хибриди: 16%​
  • Целосно електрични автомобили: 14%​
  • Купувачи кои размислуваат за EV, но го преиспитуваат или одложуваат купувањето: 36%​

Меѓу потрошувачите кои планираат да купат автомобил во следните две години, речиси половина сега намераваат да изберат возило со мотор со внатрешно согорување. Тоа претставува значителен скок од околу 13 процентни поени во однос на минатата година и јасен показател за промена во преференциите на купувачите.​

Покрај тоа, студијата на EY бележи дека наклонетоста кон купување целосно електрично возило паднала за околу 10 поени, на само 14 проценти од вкупниот број испитаници. Сличен тренд е видлив и кај хибридните модели, за кои интересот опаднал за околу 5 поени и сега изнесува околу 16 проценти.​

Дури и меѓу оние кои сè уште размислуваат за купување електричен автомобил, повеќе од една третина (36 проценти) признава дека ја преиспитува одлуката или планира да ја одложи куповината, наведувајќи како главна причина геополитички случувања и политички промени.​

Политички пресврти и пазарот

Овој тренд би можело и да продолжи. Помалку од една година од почетокот на вториот мандат на претседателот Трамп, веќе се воведени неколку политички промени кои одат во прилог на возилата со класични мотори. Се очекува овие мерки да влијаат и на однесувањето на потрошувачите и на стратегиите на производителите во годините што доаѓаат.​

Овој месец се укинаа т.н. CAFE стандарди за просечна потрошувачка на гориво, со што им се отвора пат на производителите на автомобили да произведуваат повеќе модели со мотори со внатрешно согорување. Од автоиндустријата тврдат дека тоа е во согласност со реалната побарувачка, истакнувајќи дека Американците и понатаму претежно ги преферираат ваквите возила во однос на електричните алтернативи.​

Слична ситуација се случува и во Европа. Пред две години Европската Унија најави план за забрана на продажба на нови бензински и дизел возила од 2035 година. Меѓутоа, сега изгледа сè поизвесно дека таа забрана ќе биде ублажена, што би овозможило продажба на хибридни модели и автомобили на синтетички е-горива и по 2035 година. Таква одлука без сомнение ќе има значително влијание врз продажбата на електрични возила низ континентот.​

реклама

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија, најмалку 20 мртви

Read more

Авто новости

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Read more

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Read more

Автомобили

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Читај повеќе

Од која земја доаѓаат најагресивните возачи?

Читај повеќе
  • filter

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Читај повеќе

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе