Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Ретко не секогаш значи пожелно. Јапонската компанија Mitsuoka Motors е позната по своите модифицирани автомобили со необични дизајни. Иако често наоѓа инспирација во легендарните модели од големите производители, повремено се впушта во сосем оригинални проекти.

Некои суперавтомобили импресионираат со своите перформанси, други со својата брзина или карактеристики на возење, но речиси сите имаат впечатлив изглед.

Ситуацијата е малку поинаква со Mitsuoka. Нивниот модел Orochi со години редовно е на листите на најгрди автомобили на сите времиња.

Моделот за прв пат беше претставен во 2001 година, а подоцна претрпе неколку ревизии. Од 2006 го напојува 3,3-литарскиот V6 мотор на Toyotа, 3MZ-FE, сместен пред задната оска. Моторот развива 230 КС при 5.600 вртежи во минута и 328 Nm вртежен момент при 4.400 вртежи во минута.

Една таква верзија се појави на аукциската платформа Collecting Cars, во форма на ретко издание Orochi Kabuto, кое содржи бројни елементи од јаглеродни влакна. Јаглеродот не е употребен дискретно - се користи за покривање на долните делови од браниците, праговите, хаубата на моторот, горните делови од браниците, како и карактеристичната елиптична линија што се протега преку вратите.

Продавачот тврди дека се произведени само 5 примероци од овој модел. Дотичниот автомобил од 2008 година има поминато 21.644 километри во Јапонија. Обоен е во бисерно бела боја што дополнително ги нагласува деталите од карбон, вклучувајќи ја хаубата на моторот и задниот дифузер.

Внатрешноста не е оставена без посебен третман. Кабината е тапацирана со комбинација од црвена и црна кожа, а потпирачите за грб на седиштата се украсени со везени логоа на Orochi. Внатрешноста е комплетирана со декоративни елементи во сатенско сребрена и сива боја. Во споредба со остатокот од автомобилот, 18-инчните тркала со 8 краци изгледаат речиси ненаметливи.

Ова е веројатно единствениот „мирен“ детаљ кај овој автомобил. Вратите се отвораат нагоре, како оние на Lamborghini Murciélago, а опремата вклучува ксенонски фарови, камера за движење наназад, автоматска контрола на климата и мултимедијален систем Panasonic со GPS навигација, карактеристични за времето во кое е создаден автомобилот.

На платформата Collecting Cars, тие особено ја нагласуваат реткоста на верзијата Kabuto, нејзината мала километража и уредната историја на сервисирање. Сепак, пред да заврши аукцијата, највисоката понуда беше помала од 11.000 долари, што е изненадувачки ниско за толку редок автомобил.

Дури и со извозен данок од 10%, цената останува многу ниска, особено кога знаете дека Mitsuoka Orochi чинеше речиси десет пати повеќе кога беше нов. Денес, очигледно, може да се купи за износ споредлив со цената на просечен половен автомобил.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Авто новости

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Read more

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Read more

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Read more

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Read more

Автомобили

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Читај повеќе
  • filter

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Читај повеќе

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Читај повеќе

Зошто кинеските автомобили се појавуваат на пазарот на секои две години и која е цената на забрзаното темпо на развој?

Читај повеќе

Volkswagen размислува за затворање на четири фабрики во Германија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ова е новото Yugo кабриолет - дали ви се допаѓа?

Читај повеќе

Може скапо да ве чини: Како да го проверите притисокот во гумите?

Читај повеќе
  • filter

Путин ја повози новата Volga

Читај повеќе