Tesla објави катастрофални финансиски резултати

Tesla во вторникот ги објави резултатите од првиот квартал, по затворањето на берзите - и тие беа, благо кажано, поразителни. Вкупните приходи во тој период паднаа за 9,4 отсто во споредба со истиот период минатата година и ги пропуштија очекувањата на Волстрит за околу 1,8 милијарди долари.

Добивката падна уште посилно – нето приходот на Tesla изнесува 409 милиони долари, што е пад од дури 71 отсто во споредба со минатата година кога компанијата заработи 1,39 милијарди долари.

Единствена ставка во билансот што не беше негативна беше продажбата на т.н. регулаторни заеми, со кои Тесла собра 595 милиони долари. Како што истакнува блогот Electrek, да не беа овие заеми, Tesla ќе го завршеше овој квартал во минус.

Испораките на најпопуларните модели – Model 3 и Model Y – паднаа за 16 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека испораките во категоријата „други модели“, во која спаѓа и Cybertruck, паднаа за 24 отсто.

Правдање во писмото до инвеститорите

Во писмото до инвеститорите, Tesla припиша дел од вината за лошите резултати на превирањата на глобалниот пазар и растечката политичка непопуларност.

„Неизвесноста на пазарите на автомобили и енергија се зголемува бидејќи брзо менувањето на трговските политики негативно влијае на глобалните синџири на снабдување и структурата на трошоците на Tesla и другите производители“, велат од компанијата. „Овој динамичен контекст, заедно со промените во политичкото расположение, може значително да влијае на побарувачката за нашите производи на краток рок.“

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, потроши повеќе од 250 милиони долари за да помогне во враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Трамп потоа се обиде да ја возврати услугата со рекламирање на автомобили Tesla минатиот месец на теренот во Белата куќа. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник се појави и на Fox News, каде ги повика гледачите да инвестираат во акциите на Tesla.

Но, според последниот финансиски извештај, се чини дека овие повици не наидоа на широк одзив. Сепак, акциите на Tesla - кои со години се однесуваат независно од реалните деловни резултати - пораснаа за 5 отсто во тргувањето по работното време.

Реакцијата на Маск

Маск не изгледаше премногу загрижен за лошите бројки на социјалните мрежи - тој објави емоџи со кревање раменици и постаро видео во кое тврди дека секој публицитет е добар публицитет.

„Се сеќавам на три години по ред, насловите постојано ја валкаа Tesla. А сепак, нашата продажба растеше. Затоа си помислив - во ред, само продолжете“, вели Маск во видеото.

Тој зеде сличен став за време на разговорот со инвеститорите во вторникот вечерта, кога се обиде да го минимизира степенот на падот.

„Не сме на работ на колапс“, рече тој.

Тој додаде дека првите квартали се традиционално послаби за Tesla бидејќи потенцијалните клиенти, рече тој, не сакаат „да ги тестираат автомобилите среде снежна бура“.

Маск по тој повод објави и дека неговиот ангажман во Комисијата за владина ефикасност (DOGE) е „главно завршен“ и најави дека почнувајќи од мај, ќе поминува еден до два дена во неделата на државните работи.

Тагови
реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Авто новости

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Read more

Електричното Ferrari ќе почека

Read more

Како Audi ги прескокнува царините на Трамп?

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more
 

Автомобили

  • filter

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Читај повеќе

Електричното Ferrari ќе почека

Читај повеќе

Како Audi ги прескокнува царините на Трамп?

Читај повеќе

Крај на измамите со вратена километража на возила

Читај повеќе

Новото Volvo XC70 вози на бензин, но и „на струја“

Читај повеќе

Колкава е казната ако останете без гориво на автопат во Германија?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Југо?

Читај повеќе

MAN вложува половина милијарда евра во иднина „на струја“

Читај повеќе

Audi претстави два А6 plug-in хибридни модели

Читај повеќе