Toyota пресмета: Еден електричен автомобил загадува колку три хибридни

Еве зошто Акио Тојода вели дека одиме во погрешна насока. Акио Тојода е човек кој не се плаши отворено да го изнесе своето мислење. Години наназад зборува дека форсирањето на преминот исклучиво кон електрични возила не е вистинскиот пат. Претседателот на Toyota цврсто верува дека транзицијата не смее да биде избрзана, бидејќи целосното напуштање на моторите со внатрешно согорување би имало огромни последици за целата авто-индустрија.

Тој верува дека милиони работни места низ синџирот на снабдување би биле загрозени доколку преминот кон електрични возила се случи пребрзо. Кога станува збор за екологијата, Тојода тврди дека EV сè уште се „позагадувачи“ од хибридите. Внукот на основачот на Toyota наведува дека компанијата од 1997 година има продадено околу 27 милиони хибриди, од кога е лансиран првиот Prius. Според него, тие хибриди оставиле ист јаглероден отпечаток како девет милиони целосно електрични возила. Со други зборови, едно ЕВ загадува колку три хибрида.

Тој смета дека таа разлика е уште поголема кога електричните возила се полнат со струја добиена од термоелектрани кои работат на фосилни горива, како што е случајот во Јапонија.

„Ако произведевме девет милиони електрични автомобили во Јапонија, емисиите на јаглерод диоксид всушност ќе пораснеа, а не ќе опаднеа. Тоа е затоа што Јапонија користи термоелектрани за производство на електрична енергија.“

Скептиците згрешија

Одбивањето на Toyota целосно да се предаде на електрификацијата предизвика критики, а некои дури предвидуваа и пропаст на компанијата. Сепак, тоа не се случи – напротив. Toyota во 2024 година беше најголемиот светски производител на автомобили петта година по ред. Иако заостанува во трката со електричните модели, Toyota тоа го надомести со успешните хибриди и моделите со мотори со внатрешно согорување кои сè уште се во понудата.

Најновиот бензинец кој доби хибридна верзија е Aygo X, најмалиот модел на Toyota во Европа. Toyota тврди дека овој мал хечбек има најнизок CO₂ отпечаток меѓу возилата без можност за полнење на струја.

Акио Тојода претходно изјави дека електричните возила никогаш нема да имаат повеќе од 30% пазарен удел и дека индустријата треба да се фокусира на хибриди и синтетички горива. Иако компанијата призна дека Mirai беше комерцијален неуспех, Toyota останува посветена на водородот и ја гледа иднината во негово комбинирање со мотори со внатрешно согорување. Покрај тоа, помага на BMW да го лансира првиот сериски водороден модел во 2028 година.

Toyota може сè

Како гигант каков што е, Toyota има сила истовремено да ги унапредува хибридите и да развива поквалитетни електрични автомобили. Моделот bZ4X е унапреден, воведени се и bZ4X Touring и C-HR во електрична верзија. Луксузниот бренд Lexus неодамна го лансираше електричниот ES седан и го освежи RZ, а според извештајот на Bloomberg, уште два EV модели доаѓаат во САД до 2027 година.

Додека светот е фокусиран на хибриди и ЕВ модели, Toyota не го заборава ни возачкото уживање. Извршниот директор Коџи Сато неодамна изјави: „Автомобилот не е автомобил ако не е забавен.“

Во наредните години се очекува враќање на Supra, оживување на Celica и можеби нов MR2, според прототипот со централно поставен мотор. Lexus подготвува GT3 модел за патишта, веројатно со V8 мотор.

Најавеното враќање на FJ Cruiser дополнително би ја зацврстило репутацијата на Toyota како производител со најширока понуда во автомобилската индустрија.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Авто новости

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Read more

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Read more

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Read more

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Read more

Автомобили

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Читај повеќе
  • filter

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Читај повеќе

Volkswagen го претстави својот прв целосно електричен кампер

Читај повеќе

Зошто кинеските автомобили се појавуваат на пазарот на секои две години и која е цената на забрзаното темпо на развој?

Читај повеќе

Volkswagen размислува за затворање на четири фабрики во Германија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ова е новото Yugo кабриолет - дали ви се допаѓа?

Читај повеќе

Може скапо да ве чини: Како да го проверите притисокот во гумите?

Читај повеќе
  • filter

Путин ја повози новата Volga

Читај повеќе