Volkswagen има нов модел на пикап

Volkswagen ја претстави првата најава за својот претстоен пикап модел наречен Tucan. Именуван е по тукан, а еднa од почетните бои на каросеријата ќе биде светло жолтата нијанса Canary Yellow. Моделот го предводи новиот бран лансирања на Volkswagen.

Новиот пикап е развиен и дизајниран во Бразил, а производството ќе започне во 2027 година во фабриката во Сао Хозе дос Пињаис.

Иако засега нема многу технички детали, најавата открива дека Tukan ќе има релативно краток товарен простор и пластични потпори кои визуелно продолжуваат во потпорите на покривот. Задниот столб е затемнет и ја има ознаката Tukan.

Поблизок поглед покажува изразена, остра линија на рамената, пластични проширени лакови на тркалата и црни рачки на вратите. Стилизираните задни врати и динамичната линија на прозорците се исто така видливи.

Volkswagen особено ја нагласува бојата Canary Yellow, на која посвети невообичаено внимание во најавата.

Зошто Tukan?

Volkswagen вели дека целта била да се пронајде уникатно, кратко и силно име кое ќе резонира низ културите, ќе звучи добро на различни јазици и ќе ја одразува мисијата на производот од самиот почеток.

Ова се покажа како предизвикувачка задача. Можните имиња поминаа низ бројни дискусии, регионални проверки и стратешки анализи. Тимови од маркетинг до правни беа вклучени во процесот.

Имињата беа оценети според критериуми како што се леснотија на изговор, леснотија на запомнување и соодветност за пазарите на кои ќе се продава моделот. На крајот, избраното име беше инспирирано од туканот, птица карактеристична за Јужна Америка, позната по својот впечатлив изглед и живописни бои.

Претседателот на Volkswagen за Бразил, Чиро Пособом, рече: „Туканот симболизира стратешка пресвртница за брендот во Бразил и ја нагласува важната улога што земјата ја игра во развојот на возилата на Volkswagen, потпирајќи се на локалното инженерство, луѓе и капацитети.“

Volkswagen додаде дека Tukan е само еден од вкупно 21 нов модел што ќе бидат претставени во Јужна Америка до 2028 година.

За потсетување, Volkswagen е втор најпродаван производител на автомобили и лесни комерцијални возила во Бразил, со околу 16% пазарен удел, веднаш зад Fiat.

Тагови
реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Авто новости

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Read more

Volkswagen испорача два милиони електрични возила

Read more

Го разгледавме бруталниот нов хиперавтомобил на Xiaomi со 1.900 КС кој постигнува 350 km/h

Read more

Porsche продаде повеќе автомобили за 11 дена отколку Maserati во текот на целата година

Read more
 

Автомобили

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Читај повеќе

Volkswagen испорача два милиони електрични возила

Читај повеќе

Го разгледавме бруталниот нов хиперавтомобил на Xiaomi со 1.900 КС кој постигнува 350 km/h

Читај повеќе
  • filter

Porsche продаде повеќе автомобили за 11 дена отколку Maserati во текот на целата година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кога ќе возиме автомобили со волани како од видеоигрите?

Читај повеќе

Ford најавува „возбудливи нови модели“ за Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како (не) се заштедува на гориво со темпомат?

Читај повеќе

Кој доминира на рускиот пазар на автомобили по четири години војна?

Читај повеќе
  • filter

Се продава „преживеан“ Lincoln со ентериер од гранит

Читај повеќе