Volkswagen става крај на 75-годишна традиција

Volkswagen ќе престане со производство на кабриолет верзијата на моделот T-Roc во 2025 година, со што ќе заврши 75-годишната традиција на кабриолетите на Volkswagen со мотор со внатрешно согорување.

Директорот за развој, Каи Груниц, ја потврди веста, наведувајќи дека компанијата го пренасочува развојот на нови модели од традиционалните бензински и дизел мотори кон електрични платформи.

T-Roc Cabriolet беше лансиран во 2020 година како индиректен наследник на моделот Golf Cabrio. Последен пат беше освежен во 2023 година и се продава со два бензински мотори: трицилиндарски 1.0 TSI со 110 КС и четирицилиндарски 1.5 TSI со 150 КС.

Одлуката доаѓа во време кога продажбата на кабриолети и роудстери се намалува на глобално ниво во сите клучни региони.

Првиот кабриолет на Volkswagen беше легендарниот „Буба Кабрио“, произведен во 1949 година од германскиот Karmann. Останал во понуда низ неколку генерации до 1980 година.

Кабрио верзиите на Golf постоеја и во четвртата генерација (1998–2002) и во шестата генерација (2011–2016), а T-Roc Cabriolet беше последниот претставник на оваа линија досега.

Тагови
реклама

Авто новости

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Read more

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе

Германски автомобил на годината 2027: Избрани најдобрите по класи

Читај повеќе

Volvo ќе го прекине производството на неколку модели во Шведска, загрозени се 3.000 работни места

Читај повеќе