Врвот на бизнис елеганцијата: Новиот Audi A6 Sedan

  • Прогресивниот и престижен модел од премиум сегментот поставува нови стандарди во дизајнот и аеродинамиката: со првокласен коефициент на отпор од само 0,23.
  • Идеален за секојдневно возење и долги патувања: врвни технологии како адаптивна воздушна суспензија и управување на сите тркала, како и одлична звучна изолација.
  • Динамичен, комфорен, ефикасен: MHEV plus технологијата со благ хибрид овозможува делумно електрично возење и подобрени перформанси.

Audi ја проширува својата A6 гама со класичен бизнис седан кој поставува стандарди во дизајн и аеродинамика, притоа нудејќи иновации и удобност што се чувствуваат во секој детаљ. Со коефициент на отпор од 0,23, ова е најдобрата вредност за модел со мотор со внатрешно согорување во историјата на Audi. Современи бензински и дизел мотори со MHEV plus благa хибридна технологија овозможуваат поголема ефикасност со подобри перформанси. A6 Sedan нуди врвно секојдневно и долготрајно возачко искуство: адаптивната воздушна суспензија и управувањето на сите тркала обезбедуваат совршен баланс помеѓу удобност и агилност.

Каросеријата на новиот A6 Sedan е јасна и функционална. Карактеристичниот Audi дизајн ги обединува елеганцијата и спортскиот дух. Закривената горна линија на прозорците ѝ дава на силуетата аеродинамичен карактер. Впечатливиот преден дел, со тенки светла и доминантните Audi прстени, е дефиниран со големата, ниско позиционирана Singleframe маска. Зад неа се крие прецизно разработен систем за проток на воздух, со странични отвори оптимизирани по форма и функција кои придонесуваат за подобра аеродинамика и моќен изглед.

Како и предниот дел, така и задниот – издолжен и благо подигнат – зрачи со престиж. Двете задни светла со прецизни графики и континуирана светлосна линија го прават A6 Sedan моќен.

Специфичната форма на задниот дел значително придонесува за аеродинамичките својства на возилото. Остриот свиок на капакот на багажниот простор и вдлабнатата линија пред него создаваат оптимален проток на воздух. Заедно со широкиот дифузер, ова резултира со идеален баланс помеѓу подигнување на задната оска и отпорот, што придонесува за подобра динамика при возењето.

Со опционалната адаптивна воздушна суспензија, A6 Sedan ја усовршува синтезата на спортскиот карактер и удобноста. Освен што ја регулира висината на каросеријата и амортизацијата, овој систем овозможува и подобра аеродинамика: во нормален режим возилото е 20 мм пониско од стандардната верзија, а во динамичен режим се спушта дополнителни 10 мм – за уште поизразено спортско чувство. При високи брзини, автомобилот автоматски го користи најниското ниво на висина за да го намали отпорот.

Опционалното управување на сите тркала овозможува агилно управување и прецизно маневрирање. Во комбинација со прогресивното управување, се постигнува значително подобрена реакција при управувањето. При мала брзина, задните тркала се вртат во спротивен правец од предните, што ја зголемува маневрирачката способност. При голема брзина, сите тркала се вртат во ист правец за постабилно и попрецизно управување.

Моторите со MHEV plus, блага хибридна технологија, играат клучна улога во извонредното возачко доживување. Покрај 2.0 TDI четири-цилиндарскиот мотор со 150 kW (204 КС), и 3.0 TFSI шест-цилиндарскиот мотор со 270 kW (367 КС) располага со оваа форма на делумна електрификација. Системот MHEV plus го поддржува мотор со внатрешно согорување, ги подобрува перформансите и удобноста и ги намалува CO₂ емисиите. Овозможува целосно електрично паркирање и маневрирање, како и возење на струја при мала брзина – во град, во застој или надвор од урбаната средина. Дополнително, оваа технологија овозможува моментален вртежен момент до 230 Nm и дополнителна моќност од 18 kW (24 КС) при поаѓање или претекнување. При забавување, се регенерираат до 25 kW енергија.

Изолацијата на звукот во ентериерот е подобрена до 30% во споредба со претходниот модел, што значително ја зголемува удобноста при возењето.

Ново развиените носачи на моторот и менувачот обезбедуваат потивко возење.

Новиот A6 Sedan ќе се произведува во Neckarsulm и ќе се продава ширум светот.

Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Авто новости

Зошто треба да се фрла сол на патиштата и во лето?

Read more

Новиот живот на легендарнaта „Буба“

Read more

Nissan ја претстави електричната Micra

Read more

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more
 

Автомобили

Зошто треба да се фрла сол на патиштата и во лето?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот живот на легендарнaта „Буба“

Читај повеќе

Nissan ја претстави електричната Micra

Читај повеќе

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе