СОВЕТИ ЗА ВОЗАЧИ

Жедни зад волан може да биде опасно колку и пијани

Колку и да изгледа претерано ваквиот заклучок, науката го поддржува.

Ефектите на алкохолот врз когнитивните функции се многу познати. Исто така е јасно дека управувањето со автомобил под дејство на алкохол е неверојатно опасно, глупаво и практично нелегално во сите делови на светот.

Од друга страна, не е забрането да возите автомобил кога сте жедни, но една нова студија сугерира дека можеби е така.

Колку и да изгледа претерано ваквиот заклучок, науката го поддржува. Британската компанија Leasing Options собра различни податоци за дехидрираноста, од тоа колку вода внесува просечно лице до стапката на дехидратација.

Накратко, во извештајот се наведува дека едно лице треба да пие приближно 2 литри вода секој ден, додека во Велика Британија, просечното еден човек пие нешто повеќе од 1,2 литри.

Бројките варираат кога станува збор за луѓе во други делови на светот, но општ консензус е дека возрасно лице треба да пие најмалку 2 литри вода на ден за да биде доволно хидрирано.

Science Direct тврди дека дури и при мала дехидририраност, лицето губи доволно ментален фокус за да може да направи бројни грешки во возењето.

За да се дојде до овој заклучок, спроведена е студија на 11 возрасни мажи кои користеле симулатор за возење за да имитираат услови од реалниот свет.

Секој испитаник учествуваше во три возачки сесии, а првата беше сесија за запознавање за да се навикне на поставките.

За време на преостанатите сесии, возачите биле следени на двочасовно „патување“ - еднаш кога биле хидрирани, а вториот пат кога биле жедни. Сензорите ја следеле мозочната активност, а камерите ги следеле возачите. Инцидентите за кои се сметаше дека се поврзани со замор беа исклучени од студијата.

Резултатите покажале дека дехидрираните возачи направиле повеќе грешки во „возењето“, како што се излегување од лентата и задоцнето сопирање, а случаите биле слични по фреквенција како кај луѓето под дејство на алкохол.

Сепак, треба да се напомене дека толку мал примерок за студијата може да биде ограничувачки фактор во заклучокот. Исто така, студијата открила зголемување на бројот на помали грешки дури и кај добро хидрирани лица како што напредувала симулацијата, иако фреквенцијата била помала во споредба со жедните возачи.

Во секој случај, добро е познато дека дехидрираноста влијае на процесот на размислување, расположението и здравјето на една личност, затоа особено во текот на овие жешки денови, треба да внесувате доволно течности во вашето тело - без разлика дали сте зад воланот или не.

реклама

Авто новости

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Read more

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе

Германски автомобил на годината 2027: Избрани најдобрите по класи

Читај повеќе

Volvo ќе го прекине производството на неколку модели во Шведска, загрозени се 3.000 работни места

Читај повеќе