Зошто Stellantis ќе нуди подолга гаранција?

Во своето соопштение за францускиот пазар, групацијата Stellantis понуди продолжена гаранција до 8 години или 160.000 км на своите купувачи кои се придржуваат до распоредот за одржување во овластените сервиси на нивната официјална мрежа.

Овој потег на Stellantis засега е резервиран само за Франција, и не е познато дали и кога ќе понудат слични услови за другите пазари, иако тоа логично се очекува.

Со овој потег сакаат да ја зголемат довербата и да ги смират купувачите по аферите со Takata, големите проблеми со доверливоста на PureTech моторите, како и проблемите со BlueHDi дизел моторите. Ова продолжување на гаранцијата е бесплатно, а услов е автомобилот да се сервисира во овластена мрежа на брендот. Јасно, со ова Stellantis обезбедува повеќе сигурна и долгорочна работа за мрежата на овластени сервиси.

За пофалба е што оваа програма за гаранција ги покрива и комерцијалните и патничките возила, без разлика дали имаат мотор со внатрешно согорување, хибриден или електричен мотор.

Stellantis истакнува и две различни категории во рамките на оваа гаранција, каде за брендовите Alfa Romeo, DS и Lancia оваа гаранција се однесува и на инфотејнмент системот, нуди помош на пат и обезбедување на помошно возило, бидејќи станува збор за премиум брендови. Останатите брендови во групацијата, Abarth, Citroën, Fiat, Fiat Professional, Jeep, Peugeot и Opel имаат стандардно покритие на гаранцијата.

Тагови
реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Авто новости

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Read more

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Read more

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Read more

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Read more

Автомобили

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Читај повеќе
  • filter

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Читај повеќе

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Читај повеќе

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Читај повеќе

Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа најнеобичниот Range Rover досега – SUV или седан? 

Читај повеќе

Кој чекаше, дочека: Електричните автомобили драстично поевтинија

Читај повеќе

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Читај повеќе