Автомобилите „на струја“ ги надминаа „дизелашите“

Бројот на регистрации на електрични возила го надмина бројот на регистрирани возила на дизел.

За прв пат во историјата, бројот на регистрации на електрични возила во Европа го надмина бројот на регистрации на дизел автомобили.

Во 2015 година „дизелашите“ сочинуваа 50% од пазарот, а денес е само 12%. Се чини дека електричните автомобили наскоро ќе ги надминат сите класични возила со мотори со внатрешно согорување.

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), бројот на нови регистрации на електрични возила во Европската Унија за прв пат го надмина бројот на регистрации на дизел автомобили во 10-месечниот период од тековната година. Ова значи дека електричните возила сега се третиот најпопуларен избор зад бензинските и хибридните автомобили.

Минатиот месец, регистрациите на електрични автомобили се зголемија за 36,3 отсто во споредба со октомври 2022 година на 121.808 единици, додека пазарот на автомобили на дизел продолжи да опаѓа. Заклучно со октомври, вкупниот број на нови регистрирани ЕВ во ЕУ изнесува 1,2 милиони, што е огромен пораст од 53,1% во однос на минатата година.

Ако го погледнеме периодот во првите 10 месеци од оваа година, електричните автомобили во Европа заземаат 14% од пазарот. Ако го споредиме овој резултат со дизел автомобилите, кои сочинуваат само 12%, ќе видиме дека возилата со батерии веќе прескокнале една пречка. Од друга страна, „дизелашите“ бележат значително намалување во однос на 2015 година, кога бројот на возила со погон на „нафта“ учествуваше со дури 50% од пазарниот колач.

Хибридните автомобили исто така забележаа значителен раст на продажбата. Со 2,2 милиони нови регистрации во ЕУ, во периодот јануари-октомври, хибридите реализирале поголем број на регистрации за 29,8% во однос на истиот период лани. Напротив, популарноста на plug-in хибридните модели на европскиот континент е во постојан пад поради „избивањето“ на субвенции за овој тип возила. Нивната продажба падна на само 72.002 регистрирани единици минатиот месец, што резултираше со пазарен удел од 8,4% на годишно ниво.

Ако ги погледнеме лидерите и рекордерите, предничат автомобили со бензински мотори. Сепак, во првите десет месеци оваа категорија падна од 35,4% на 33,4% во однос на истиот период лани. Со други зборови, дизелските и традиционалните бензински автомобили се чини дека полека, но сигурно го отстапуваат местото на новиот бран хибридни и електрични возила, без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не. За потсетување, Парламентот на Европската Унија изгласа забрана за продажба на сите нови автомобили кои испуштаат CO2 од 2035 година.

реклама

Се врати една од најдобрите серии, новата сезона е помрачна од претходните

Read more

Астрологот Павел Глоба прогнозира што го чека секој знак од 9 до 15 септември

Read more

Зголемена жед и чести главоболки може да бидат симптоми на опасна здравствена состојба

Read more

Посрамотен, поразен и без екипаж: Starliner на Boeing се врати на Земјата од вселената

Read more

Авто новости

Младиот кинески бренд Kaiyi ќе извезува автомобили и во Европа, SUV X7 iHD има багателна цена во Кина

Read more

Новиот VW Passat Pro има 220 КС и дури три екрани

Read more

Како Кина преку ноќ им создаде главоболки на автомобилските гиганти?

Read more

Колку време треба да работи еден Европеец за да купи половен автомобил?

Read more
 

Автомобили

Младиот кинески бренд Kaiyi ќе извезува автомобили и во Европа, SUV X7 iHD има багателна цена во Кина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот VW Passat Pro има 220 КС и дури три екрани

Читај повеќе

Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Читај повеќе

Како Кина преку ноќ им создаде главоболки на автомобилските гиганти?

Читај повеќе

Колку време треба да работи еден Европеец за да купи половен автомобил?

Читај повеќе
  • filter

Пристигна целосно новиот Škoda Superb: Повеќе простор, поголема удобност, ефикасност и безбедност

Читај повеќе

Volvo измисли нов звучен сигнал што може да спасува животи

Читај повеќе

Aston Martin го претстави Vanquish, најмоќниот флагшип во својата историја

Читај повеќе

Механичар предупредува: Мала километража, големи проблеми

Читај повеќе