Азербејџан и Ерменија разменија тела на 200 убиени во Нагорно-Карабах

МИА/КАЈГАНА
/ 17.11.2020 / 16:06

Азербејџан и Ерменија денеска разменија тела на 200 загинати кои се бореа во регионот Нагорно-Карабах, соопштија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на Црвениот крст.

-Телата беа разменети во присуство на руските мировници, изјави шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер.

Портпаролот на Црвениот крст, одговорен за конфликтот во Нагорно-Карабах, не го потврди бројот на разменети тела, но рече дека процесот почнал уште минатата недела.

URL

Повеќе од 1.000 лица се убиени во шестнеделниот конфликт меѓу Азербејџан и соседна Ерменија за регионот Нагорно-Карабах. Територијата која веќе 25 години беше контролирана од Ерменците, Обединетите нации ја сметаат за дел од Азербејџан.

Со последната воена офанзива, што почна на 27 септември, Азербејџан оствари значителни територијални придобивки, а како дел од мировниот договор постигнат минатата недела меѓу двете земји и руската страна, Ерменија му отстапи делови од овој регион на Азербејџан.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и неговата сопруга и прв потпретседател Мехрибан Алиева, вчера беа во обиколка на деловите од Нагорно-Карабах, јавија азербејџанските државни медиуми.

URL

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, инаку близок сојузник на Азербејџан, вчера до турскиот Парламент испрати предлог за испраќање турски трупи во Азербејџан за следење на прекинот на огнот во Нагорно-Карабах.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе