Бабунски: Жал ми е што не потпишав со Партизан

Макфакс/Кајгана
/ 29.02.2024 / 18:56

Бобан Бабунски, во опширно интервју белградскиот весник Спортски журнал, проговори и за нерализираниот трансфер во Партизан и за пропуштеното младинско Светско првенство во Чиле, на кое Југославија во 1987 годна ја освои титулата.

Бабунски седум години од 1986 до 1993 година го носеше дресот на Вардар. Имал шанса да замине порано, но му пропаднал трансферот во Партизан.

„Сѐ беше договорено со Партизан, а имав преговори и со Динамо. Пеш би одел во Белград за да го облечам црно-белиот дрес, но во тој момент челниците на клубот од 'Хумска' не го испочитуваа договорот, па бев принуден да ја сменам одлуката. Сигурен сум дека тоа влијаеше на мојата понатамошна кариера. Да го имав овој ум, веројатно би го прифатил тој преддоговор со Партизан и би дошол да развијам побогата кариера“.

Жали и што во 1987 година не беше дел од златната генерација на Југославија која во младинска конкуренција стана светски првак и покрај тоа што беше стандарден член на тој тим. Дел од таа генерација беа Просинечки, Бобан, Штимац, Шукер…

„Бев подготвен да одам, имав виза и го чекав мојот лет. Сепак, Вардар го блокираше моето заминување. Тоа беше одлука на тогашниот тренер. Од оваа временска дистанца можам да кажам дека научив одредена лекција од тоа. Се прашувам што би сменил денеска да не се случи тоа. Веројатно би инсистирал кај челниците на Вардар и тренерот, да ги убедам дека е голема работа и за клубот и за мене да патувам во Чиле. Сите изгубивме. Да одев ќе бев единствениот претставник на македонскиот фудбал на такво големо натпреварување. Вардар не ме пушти поради одредени интереси, поради меѓународен клупски натпревар. Од оваа перспектива го гледам како лекција и за клубот и за мене. Сепак, изградив одлична кариера“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе