УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Минхенски Баерн доживеа тежок пораз во 7. коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Фејнорд губејќи со убедливи 3:0, а немаше да биде толку чудно доколку Баварците не доминираа во текот на целиот натпревар и не пропуштија голем број одлични шанси.

Статистиката открива дека Баерн упатил дури 30 удари кон голот на Холанѓаните, наспроти осумте на Фејнорд. Едноставно неверојатно е што пропуштија фудбалерите на Баерн, а Фејнорд практично три пати мина низ центарот и постигна три гола.

Мексиканецот Сантјаго Хименес постигна два гола за домашната екипа во првото полувреме, а Јапонецот Уеда додаде еден во судиското надополнување.

Баерн имаше дури 67% посед на топка, но попусто. Не им помогнаа ниту 13-те корнери наспроти едниот на домаќините. Баерн заврши со неверојатни 683 додавања, а Фејнорд со само 130.

Голманот на Феенорд забележа дури 7 одбрани, а Нојер немаше ниту една.

Но, во она најважното, головите, Баерн не постигна ниту еден, а великанот од Ротердам дури 3.

Remote video URL

Како и да е, двете екипи обезбедија пласман во плеј-офот, но Баварците долго ќе го паметат овој неверојатен пораз.

реклама

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе