Баерн ја повлече од употреба петката на Франц Бекенбауер

Макфакс/Кајгана
/ 09.12.2024 / 13:05

Од вчера ниту еден играч на Баерн нема да може да го носи дресот со број 5, кој некогаш му припаѓаше на најголемиот германски фудбалер на сите времиња и легенда на клубот од Минхен, Франц Бекенбауер.

Во Баерн вчера се одржа клупското собрание на кое беа презентирани финансиските извештаи и плановите за во иднина. На почетокот на настанот, клубот организираше специјален настан во чест на Франц Бекенбауер, одржувајќи изложба наречена „Засекогаш наш Кајзер“, на која беа претставени уникатни експонати од неговата кариера.

За збор се јави претседателот на клубот Херберт Хајнер.

„Франц, ни недостигаш. Она што останува и нѐ поврзува се сеќавањата за тебе“, рече Хајнер и потоа објави дека управата на клубот донела одлука да се повлече со број 5.

„Франц Бекенбауер засекогаш ќе остане недопирлив, засекогаш нашиот Кајзер. Бројот 5 ќе биде резервиран за уникатно наследство, бидејќи нашиот клуб и неговата историја се едноставно незамисливи без Франц“, рече Хајнер.

На клупско ниво, Бекенбауер освои дури 13 трофеи како играч на Баерн, вклучувајќи 4 титули во германското првенство и 3 титули во Купот на шампионите. Како тренер, тој го предводеше Баерн до титулата во германската лига во 1994 година и Купот на УЕФА во 1996 година.

Бекенбауер е еден од само тројцата во историјата на фудбалот, заедно со Бразилецот Мариу Загалу, кој почина пред два дена, и Французинот Дидје Дешан, кои го освоија Светското првенство и како играчи и како селектори.

Како играч го освои Светското првенство во 1974 година на домашен терен, а како селектор на Германија во 1990 година во Италија.

Бројот 5 последен пат во Баерн го носеше Французинот Бенжаман Павар, кој сега настапува за Интер.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

30 години подоцна: Почна судење за убиството на Тупак Шакур 

Read more

Зошто е важно во колку вода ги варите тестенините?

Read more

Фудбал

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Read more

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Read more

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Read more

Спорт

  • play_arrow

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Читај повеќе

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Читај повеќе

Премиер лигата воведе 4 нови правила за новата сезона

Читај повеќе

Младиот напаѓач на Каљари се давел во базен, со хеликоптер го однеле на интензивна

Читај повеќе

Јуве ѝ плати на Болоња 20 милиони евра за стоперот Лукуми

Читај повеќе

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мусиала колабираше на терен

Читај повеќе