Баканирс ги надигра Чифс, Брејди уште еднаш испиша историја

Најголемиот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди, го освои својот седми Супербоул и се одвои од сите останати, додека неговата Тампа Беј Баканирс го надигра актуелниот шампион и фаворит Канзас Сити Чифс со високи 31:9.

Иако актуелниот шампион во натпреварот влезе како голем фаворит, Супербоулот отиде тотално на спротивна страна. Во својата 44-та година Том Брејди и во првата сезона откако го напушти Њу Ингланд Петриотс продолжи онаму каде што застана и со одличен настап испиша нова незаборавна приказна.

Имаше помош и од останатите во тимот на Баканирс бидејќи сите делуваа речиси совршено на зелениот терен, а особено одбраната. На спротивната страна во сенка на големиот мајстор остана перфектното трио на Канзас Сити - Патрик Махоумс, Трејвис Келси и Тајрик Хил.

Уште на полувреме Баканиерс покажаа дека пехарот нема да ја напушти Флорида, каде и се играше финалето. Брејди го заврши првиот дел овозможувајќи му на Браун да направи тачдаун, трет вечерта, за 21:6 на полувреме.

Во вториот дел немаше промена, а Брејди го заврши финалето со совршен скор од 3 тачдауни, без пресечено додавање и со 21 од 29 комплетирани пасови. По петти пат во својата кариера беше прогласен за МВР на еден Супербоул.

Remote video URL

И покрај пандемијата, на „Реј Џеј“ стадионот во Тампа беа присутни 24.835 гледачи, американската химна ја испеаја Ерик Чрч и Џезмин Саливен, а на полувремето настап оствари и бендот „the Weeknd“.

Remote video URL

Поради кризата можеби стадионот остана неисполнет, но затоа носителот на ТВ правата CBS за да им овозможи на гледачите крај малите екрани одличен поглед преносот го вршеше со неверојатни 120 камери.

Remote video URL

За Тампа Беј ова е втор Супербоул триуф и тоа од два обида, а прв по оној пред 18 години во сезоната 2002. Канзас Сити ја бркаше својата трета титула, но го заработи вториот пораз во вкупно 4 финалиња.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе