Бакс не се даваат, во Милвоки падна и Бостон

Ниту 40-те поени на Вокер не беа доволни за Селтикс да ја прекинат серијата на лидерот на Истокот.

Дербито во Источната конференција помеѓу лидерот Милвоки Бакс и третопласираниот Бостон Селтикс му припадна на домашниот тим со пет поени разлика.

Најефикасен на натпреварот беше Кемба Вокер од редовите на гостите кој постигна 40 поени, 11 скокови и 3 асистенции. Кај домашниот тим тоа беше Гркот Јанис Адетокумбо со 32 поена, 17 скокови и 7 асистенции.

Голден Стејт дојде и до 10-тиот последователен пораз иако беше многу блиску да ја прекине оваа лоша серија бидејќи гостите од Денвер победата ја однесоа дури по продолженија. Вил Бартон со 31 поен и Малик Бизли со 27 беа најефикасни кај Нагетс, додека Алек Баркс со 25 кај Вориорс.

Каваи Ленард ги предводеше Клиперс до 29-тата сезонска победа постигнувајќи 32 поена на натпреварот со Орландо.

Резултати:
Њујорк Никс - Феникс Санс 98:121
Милвоки Бакс - Бостон Селтикс 128:123
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 138:132
(прод.)
Голден Стејт Вориорс - Денвер Нагетс 131:134 (прод.)
Лос Анџелес Клиперс - Орландо Меџик 122:95

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе