Баку: Не ни требаат ни сириски платеници, ни помош од Турција

„Лажни вести“ ги нарекоја властите во Баку информациите дека Азербејџан добива сириска и турска помош во војната со Ерменија.

„Помеѓу Турција и Азербејџан постојат стратешки партнерски врски, а тука се и братските односи. Но, во овој конфликт Турција не е инволвирана како трета страна“, вели Хикмет Хаџијев, главен осветник во кабинетот на азербејџанскиот претседател.

„На Азербејџан не му е потребна никаква помош од трета страна. Имаме силни вооружени сили. Имаме доволно наши ресурси. Азербејџан има население од 10 милиони и со тоа имаме доволно и резервен состав“, рече тој.

Хаџијев ги негираше и тврдењата од ерменска страна дека за Азербејџан се борат сириски милитанти како платеници.

„Тоа се тешки лажни вести. Дури нема ни логика бидејќи азербејџанските војници многу добро го знаат теренот и се навикнати на борба во планински предел“, Хаџијев алидира на тоа дека Сиријците се борат во низок и пустински предел, за разлика од планинските предели на Кавказ каде се води војната.

Затоа пак, советникот на претседателот Илхам Алијев ја нападна Франција чиј што претседател Емануел Макрон претходно изјави дека поседува цврсти докази дека сисриски милитанти се борат на страната на Азербејџан.

„Франција отсекогаш била про-ерменска бидејќи таму живеат 500 илјади Ерменци. Франција не може да биде медијатор бидрејќи не се однесува како целосно да ја разбира ситуацијата, а воедно и фаќа страна“.

Продолжува војната за решавање на статусот на непризнатата република Арцах, територија која се наоѓа во Азербејџан, но е населена во Ерменци. Регионот Нагорно-Карабах е само дел од спорното парче земја.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more
 

Вести

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе