Франческо Бањаја е победник на спринт трката на Јапонското ГП во Мотеги.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот во исклучително интересна трка стигна до триумфот и ја намали разликата во вкупниот пласман во однос на Хорхе Мартин.
Италијанецот славеше пред сонародникот Енеа Бастјанини и Шпанецот Марк Маркес. Лидерот во шампионатот, Мартин, ја заврши трката на четвртата позиција.
Пред последниот круг Бањаја имаше голема предност, но потоа наеднаш почна да попушта. Во последниот свиок и Бастјанини и Маркес имаа можност да нападнат, но Италијанецот успеа да ја зачува предноста и да слави.
Трагична фигура на спринтерската трка е младиот Педро Акоста (ГасГас КТМ), кој имаше голема предност до четири круга пред крајот, но ја загуби контролата над мотоциклот и падна.
Мартин сега води во генералниот пласман со 372 бода, 15 повеќе од Бањаја. Бастјанини е трет со 300, додека Марк Маркес е на четвртото место со 295.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела во 7 часот по средно европско време.