Бањаја победи пред Мартин, страшен инцидент ја обележа трката во Малезија

Страшниот инцидент, за среќа без последици, во кој се најде Џек Милер од КТМ, ја одбележа трката за ГН на Малезија, во која победи Пеко Бањаја пред Хорхе Мартин и Енеа Бастјанини.

На патеката „Сепанг“, на стартот, австралискиот возач изгубил контрола откако имаше контакт со Фабио Куартараро, а во инцидентот ни крив ни дожен настрада и тимскиот колега на Милер, Бред Биндер.

Трката беше прекината набргу потоа за да му се помогне на Милер, бидејќи веднаш беше очигледно дека Куартараро и Биндер се релативно добро.

Милер требаше да биде пренесен во болница со амбулантно возило, но набрзо беше утврдено дека тоа не е неопходно бидејќи за среќа повредите не беа сериозни.

Што се однесува до трката на „Сепанг“, претпоследната трка сезонава, првото место го освои возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Актуелниот шампион четири круга водеше епска борба со лидерот во генералниот пласман, Мартин.

Неколку пати двајцата се менуваа на челната позиција. На крајот Бањаја успеа да се одвои и да ја забележи 10-тата победа во сезоната.

И покрај тоа што заврши зад Бањаја, Мартин го задржа водството во генералниот поредок, има 24 поени повеќе, па овосезонскиот Мото ГП ќе има фотофиниш, кој ќе се одржи на 17 ноември на патеката во Барселона.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Останати спортови

Почина великанот Алекс Ѕанарди

Read more

11-те олимписки медали не ѝ се доволни: Феликс се враќа од пензија за Олимпијадата во Лос Анџелес

Read more

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Read more

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Read more
 

Спорт

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе