УЕФА ЕУРО 2020

Барди: Не се чувствуваме како аутсајдери

Првата официјална прес-конференција на Македонија на едно Европско првенство ја отвори Енис Барди.

Македонската фудбалска репрезентација од синоќа е во Букурешт, веќе го одржа првиот тренинг, а фудбалерите ги дадоа и првите официјални изјави.

Честа прв да ја отвори европската прес-конференција ја доби Енис Барди, човекот кој поради позитивен тест ги пропушти двете пријателски натпревари и десетина дена беше во изолација, изоставен од групни тренинзи и социјализација со соиграчите.

„Пред сѐ би сакал да се заблагодарам многу на селекторот, моите соиграчи и федерацијата за поддршката што ја добив додека бев во изолација. Беше тешко, но сѐ помина во најдобар ред. Не чувствувам никакви проблеми, сѐ е во најдобар ред, подготвен сум и физички и психички за Европското првенство. Со нетрпение го очекувам стартот на ова првенство“, почна играчот на шпански Леванте.

Дали тој ќе игра на првиот натпревар со Австрија, ќе одлучи селекторот. Во секој случај дебито на Македонија се наближува, а со тоа растат и амбициите.

„Сите сме максимално фокусирани на првиот натпревар против Австрија, селекција која ни е многу добро позната. Тоа што го постигнавме со селекцијата до 21 година во Полска е нешто незаборавно, но овој настап и овој турнир е нешто сосема различно. Не се чувствуваме како аутсајдери, тоа го докажавме и покажавме на претходните натпревари. На ова Европско првенство ќе потврдиме колку навистина вредиме како тим. Ми претставува огромна чест што сум дел од оваа генерација која успеа да оствари историски успех, пласман на едно Европско првенство. Ќе дадам сѐ од себе на секој натпревар, а на селекторот е да одлучи дали ќе играм од почеток. Треба да бидеме максимално сконцентрирани на секој натпревар и во текот на сите 90 минути“, заврши Барди.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе