УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Барса - Баерн е најатрактивната средба во ЛШ

Барселона и Баерн се пласираа помеѓу осумте најдобри екипи во фудбалската Лига на шампиони по вечерашните победи над Наполи, односно Челси.

На „Камп Ноу“ каталонскиот клуб беше поуспешен од Наполи и заслужено славеше со 3:1 за вкупни 4:2 во меѓусебните две пресметки. Головите за Барселона ги постигнаа Клемен Ленгле, Лионел Меси и Луис Суарес од пенал, додека за Наполи погоди Лоренцо Инсиње од белата точка. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Елиф Елмас, ги одиграа последните петнаесетина минути од средбата.

Баерн по убедливата победа од 3:0 на првата средба во Лондон, во Минхен забележа уште една висока победа. Баварците славеа со 4:1 со головите на Роберт Левандовски од пенал (10. и 84. минута), Иван Перишиќ (24) и Корентен Толисо (76). Голот за Челси го даде Тами Абрахам во 44. минута.

Двојки за четвртфиналето:

Манчестер Сити - Лион

Лајпциг - Атлетико

Аталанта - ПСЖ

Барселона - Баерн

Сетјен: Ќе биде многу тешко против Баерн

Тренерот на Барселона, Кике Сетјен беше задоволен од победата од 3:1 над Наполи, која ги квалификуваше Каталонците за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Таму противник ќе биде Баерн, а големиот натпревар ќе се одигра на 14 август во Лисабон.

„Ние го направивме првиот чекор кон целта. Наполи нè испоти доста на почетокот на натпреварот. Италијанците имаат добар тим кој се брани со многу агресија и посветеност. Ако тие дадоа гол на почетокот, тоа ќе им дадеше многу самодоверба, па нашата главна задача беше да се браниме добро. Сепак, понекогаш покажувавме нервоза. Ние го направивме првиот чекор и се надевам дека ќе продолжиме во ист дух и на следните натпревари. Игравме добро и заслужено победивме. Тимовите кои остануваат на турнирот се многу опасни и ќе имаме тешки судири. Ќе биде многу тешко против Баерн. Тие се одличен тим. но, такви сме и ние“, рече Сетјен по натпреварот.

Флик: Баерн ќе ја покаже својата сила против Барса

Тренерот на Баерн, Ханси Флик, ѝ се закани на Барселона пред четвртфиналниот судир на Лигата на шампионите меѓу двете екипи.

„Јас сум многу среќен. Сакавме да победиме и да продолжиме таму каде што застанавме. Го сторивме токму тоа. Ние ќе се подготвиме за Барселона како и секој друг противник. Сакам да ја покажеме нашата сила повторно, да дадеме 100%, да бидеме фокусирани и да ја покажеме нашата вистинска класа. Ние нема да се фокусираме само на Меси, мора да се подготвиме за секој од нивните играчи, изјави Флик.

Суарес за дербито со Баерн: Шансите се 50/50

Барселона против Баерн се чини дека е најатрактивниот судир во четвртфиналето од Лигата на шампионите и навивачите веќе тријат раце во исчекување.

Натпреварот ќе се одигра на 14 август во Лисабон, а победникот ќе биде одреден по само еден натпревар.

Напаѓачот на Барса, Луис Суарес, смета дека шансите за поминување во следната фаза на натпреварувањето се изедначени за двата тима.

„Баерн е многу силен тим и секако е противкандидат за трофејот. Ќе видиме… Секој има свои шанси во натпревар на директна елиминација. Шансите се 50/50“, посочува Уругваецот.

Победникот од битката ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Лион.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе