Барса испадна од трката за Холанд, договара нов спектакуларен трансфер

Роберт Левандовски е сè поблиску до засилување на нападот на Барселона летово, пишува денеска каталонски Sport, наведувајќи дека ова е тешка операција за Барселона, но и дека сигналите кои доаѓаат од врвот на клубот се позитивни и дека исходот од преговорите може да се објават наскоро.

Челниците на Барселона веќе двапати се сретнаа со Пини Захави, менаџерот на Роберт Левандовски. Со него, но и со самиот Левандовски беше постигнат усмен договор, според кој Полјакот е подготвен да дојде во Барселона, но Баерн сè уште не се откажал од идејата да го задржи.

ПСЖ не го сака

Левандовски практично ги прекина преговорите со Баерн бидејќи беше многу незадоволен од фактот што му понудија продолжување на договорот на само една година. Значи, ниту покачување, ниту подолг договор, и тоа е сè што му е важно нему и на менаџерот Захави. После тоа, Захави го понуди Левандовски на ПСЖ и Барселона, Парижаните решија дека не се заинтересирани, а Барселона сè уште преговара.

Сега Баварците наводно подготвиле нов договор за Левандовски и имаат последна шанса да му достават понуда која би го натерала да одлучи да остане во Минхен. Во моментов тоа што му го нуди Барселона, барем така пишува Sport, е многу поатрактивно, но и финансиски поисплатливо од понудата на Баерн.

Холанд сè уште е желба, но не е реална

Треба да се напомене дека главна желба на Барселона е Ерлинг Холанд, но тој полека се откажува бидејќи сè  појасно е дека кариерата ќе ја продолжи или во Мадрид или во Манчестер. Холанд има уште време до крајот на април да се премисли, но доколку не се случи чудо што би го променило размислувањето на неговиот менаџер Мино Рајола, Барселона ќе се обиде да го финализира доаѓањето на Левандовски.

Договорот на Полјакот со Баерн истекува во 2023 година, па летово нема да може бесплатно да го напушти клубот, но Барселона се надева дека доведувањето на Левандовски со обештетување и плата на повеќегодишен договор би чинело нешто повеќе од 100 милиони евра. Тие го сметаат за прифатлива цена за еден од најдобрите играчи во светот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе