ЛА ЛИГА 2021/22

Барса во 90+6 се спаси од пораз во градското дерби со Еспањол

Во големото градско Дерби Барселони во рамки на 24. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Еспањол и Барселона ремизираа 2:2 по голема драма и возбудувања.

Барселона фантастично го отвори големото дерби. Веќе во 2. минута Педри одлично реагираше на центаршутот на Жорди Алба од левата страна и со полуволеј погоди во голот на Еспањол со помош на стативата.

Продолжението од првиот дел донесе многу отворен фудбал на двете страни. Шансите се редеа една по друга, а Еспањол успеа да искористи една своја.

Се играше во 40. минута кога Раул де Томас му ја остави топката на Серхио Дардер кој се намести и прекрасно погоди во подалечниот агол од голот на Барса. Со резултат од 1:1 се заминаа на паузата.

Во 56. минута поради минималниот офсајд ВАР му го поништи голот на младиот Гави, иако фудбалерите на Барселона веќе наголемо славеа.

Само 8 минути подоцна следуваше голот на Еспањол за пресврт. По ужасната реакција на Ерик Гарсија, Раул де Томас излезе сам пред Тер Штеген и го совлада за 2:1.

Крајот на натпреварот го одбележа пресметката на Нико Меламед и Жерарт Пике, по која и двајцата играчи заработија црвен картон.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со голема победа на Еспањол, Лук де Јонг погоди со глава за конечни 2:2 во 6. минута од надополнувањето. Асистираше одличниот Адама Траоре кој покажува дека ќе биде големо засилување за славниот каталонски клуб.

Со поделбата на бодовите Барса е на 4. место со 39 бодови колку што има и Атлетико, додека Еспањол, кој е во низа од 5 натпревари без победа, е 13-ти со 28.

Ова беше вкупно 174. Дерби Барселони во ла Лига. По 39-ти пат ривалите ги поделија бодовите, Барса остана на убедливи 101 победа, додека Еспањол има само 34.

Примениот гол длабоко во судиското надополнување го лиши Еспањол од прва победа над Барселона по сезоната 2008/09 кога последен пат се радуваа во градското дерби славејќи со 2:1 и тоа на „Камп Ноу“. А, пак, на домашен терен Еспањол последен пат победи во сезоната 2006/07 со 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе