Дефанзивецот Нелсон Семедо најави дека ќе ја напушти Барселона во наредните денови.
Според El Chiringuito, каталонскиот клуб ќе ги искористи средствата од продажбата на Португалецот за да го купи напаѓачот Мемфис Депај од Лион.
Семедо се очекува да се пресели во Вулверхемптон за 32 милиони евра.
Пред десетина дена, претседателот на Барселона, Жузеп Бартомеу се пожали дека финансиската состојба во клубот не дозволува да биде купен Депај.