Бебињата размислуваат логички уште пред да научат да зборуваат

Едногодишните бебиња можеби сѐ уште не знаат да зборуваат, но се способни да размислуваат логички, тврди ново истражување кое ја проучуваше најраната возраст на која луѓето почнуваат да размислуваат.

Легендарниот психолог Жан Пјаже сметаше дека луѓето немаат способност логички да размислуваат додека не наполнат 7 години.

Сега, научници спроведоа истражување кое беше објавено во магазинот Science, преку кое докажаа дека бебињата можат да размислуваат уште од најрана возраст. Ова истражување беше направено преку испитување на 48 бебиња, а беше откриено дека тие размислуваат преку процес на елиминација.

Размислувањето преку процес на елиминација е познато и како „логички силогизам“ и функционира на следниот начин: ако А и Б може да се вистинити, а се знае дека А е лажно, тогаш Б мора да е вистинито.

„Не мора да значи дека процесот на елиминација е најраната форма на размислување, но е клучен дел од развојот на мислата во иднина. Една од најважните работи која ги одвојува луѓето од сите други живи форми на светот е можноста да ја препознаат негативната опција – ако видите дека А е лажно, тогаш вистинскиот одговор е некој друг“, вели Џастин Хаберда, психолог на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Во истражувањето на бебињата им беа покажувани по две слики, потоа бебињата беа ставени позади параван, па научниците отстрануваа една слика и повторно му покажуваа на бебето пар од две слики. Со проучување на движењата на очите, научниците заклучија дека бебињата повеќе се фокусирани на сликата која останала таму од претходниот пар, па затоа тврдат дека тоа се должи на логичното размислување.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Живот

Што треба да направите за вашите собни растенија да ја дочекаат пролетта здрави?

Read more

10 тајни закони за мачки што ги почитувате без разлика дали ви се допаѓа или не

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Megawin.com - единствена легална интернет платформа што одговорно ја претвора среќата во забава

Read more
 

Магазин

Што треба да направите за вашите собни растенија да ја дочекаат пролетта здрави?

Читај повеќе
  • play_arrow

10 тајни закони за мачки што ги почитувате без разлика дали ви се допаѓа или не

Читај повеќе

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Читај повеќе

Кој живее во најосамената куќа во светот?

Читај повеќе

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Читај повеќе

Megawin.com - единствена легална интернет платформа што одговорно ја претвора среќата во забава

Читај повеќе

Зошто луѓето денес имаат помалку секс отколку пред 30 години?

Читај повеќе

Пет животни лекции од 90-тите за денешните деца

Читај повеќе