Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршката за туристичкиот сектор за побрзо надминување на кризата

Здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од COVID-19 од која најголеми негативни последици претрпе туризмот, ја покажа важната улога која ја има туристичкиот сектор во целокупната економија на државата, но и во животот на граѓаните. Затоа продолжуваме со мерките за поддршка на туристичкиот сектор за побрзо надминување на кризата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на своето обраќање пред туристичкиот сектор на Конференцијата по повод Светскиот ден на туризмот.

– Во последниве години земјава покажа многу добри резултати во делот на туризмот, проекциите беа дека во 2020 ќе го достигнеме врвот во бројот на туристи и остварени ноќевања но исто така и во инвестиции и вработувања во туризмот, но кризата со пандемијата придонесе да не се постигнат посакуваните резултати годинава, но не здружи уште повеке во изнаоѓање на најдобриот и најефикасниот пат за заедно да ја пребродиме оваа криза со што е можно помалку последици. Затоа е добро токму во овој момент да се донесат правилни одлуки, истакна Бектеши.

Посочи дека и во светски рамки се зборува за поддршка на туризмот или рестарт на туристичката индустрија.

– Во светски рамки бројот на меѓународните туристи падна за 93 отсто во јуни, во споредба со 2019 година, а според новото издание на Светскиот барометар за туризам пристигнувањата на меѓународните туристи се намалиле за 65 отсто во текот на првата половина од годината. Ова претставува невидено намалување, бидејќи земјите ширум светот ги затворија своите граници и воведоа ограничувања за патувања како одговор на пандемијата. Последиците ги почустувавме и ние, токму тргнувајки од овие показатели како Влада меѓу првите мерки кои се донесоа, приоритет имаше туристичката индустрија заедно со секторот угостителство и транспорт, рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека во моментот се наоѓаме во ситуација да продолжиме понатаму и затоа, како што рече, е многу важно сите чекори кои ќе бидат преземани да бидат во кординација со бизнис заедницата.

– Успехот на оваа индустрија придонесува за успех и на македонската економија во целост. Министерството за економија, во чест на овој ден, продолжува со веќе востановената традиција да ги собере на едно место сите чинители, оваа година моментот за доделување на признанија го прескокнавме, но ја користиме оваа прилика да на сите чинители им покажуваме дека во овие тешки моменти сме заедно, затоа што само така можеме да ја поминеме оваа криза. Денеска сме тука да го одбележиме овој настан, кој се одржува под глобалното мото „Рурален туризам“ и да ги одбележиме сите оние бројни мали можности, кои го прават туризмот една од приоритетните гранки во државата, појасни Бектеши.

На Конференцијата за туризам насловена „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“ претставници од туристичкиото стопанство, универзитетите и надлежните институции дебатираа за тоа како ќе функционира туризмот и угостителството во Северна Македонија во 2020 година, кои се последиците од COVID-19, како и за реформите во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранка, предизвикана од глобалната пандемија.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Бизнис

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе