Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и во недела

Охрид, 22 мај 2022 (МИА) – Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.

Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.

– Имајќи ги предвид податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации согласно податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга, истакна Бектеши.

Примената на новото законско решение очекува да почне најдоцна за две недели, по Собраниските процедури и излегувањето во Службен весник.

– Министерството за економија и Владата ќе продолжат со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи. На тој начин ќе овозможиме зголемување на бројот на домашни туристи, а со мерките на АППТ ќе продолжиме и со чартер летови да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.

Според него, дуќанџиите во туристичките места, ќе може да работат во текот на целата година, согласно одредбите во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

– Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Наведено е во сите туристички места и тоа може да важи и цела година. Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.

Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100 отсто поголема дневница.

– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.

Претседателката на здружението „Чаршиски еснаф“ од Охрид, Маја Бакалова ги поздрави законските измени, со надеж за нивно брзо усвојување и следната недела да може да ги отворат дуќаните за посетителите.

– Туристичката сезона е почната ние сме затворени, се надеваме дека од следната недела веќе ќе можеме да бидеме отворени. Досега претрпевме големи штети овие пет месеци што не работевме, но се надеваме дека според најавите ова ќе биде многу јака туристичка сезона и со работа во недела и празници ќе успееме да дојдеме до позитивна нула, рече Бакалова, нагласувајќи дека повисоките дневници и слободен ден за вработените не биле проблем, бидејќи и претходно тоа го применувале.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе