Супермоделите Бела и Џиџи Хадид ги шокираа обожавателите на вчерашната модна ревија на Марк Џејкобс за есен 2022, носејќи храбри, нови фризури.
Сестрите беа скоро непрепознатливи кога се појавија со делумно избричени глави и со целосно избелени веѓи. Долгоочекуваната модна ревија во футуристички стил ги одушеви сите, но фризурите на Бела и Џиџи предизвикаа бројни негативни критики.
„Бела, што се случи со твојата коса?“, „Што ти направиле“, „Не изгледаш добро“, се дел од коментарите под фотографиите со кои Бела се пофали на Instagram.
И Џиџи објави фотографии со новата фризура.
„Сè за Марк“, напиша манекенката.
Сепак, повеќето луѓе сметаат дека станува збор за перики, односно дека сестрите сепак немаат навистина вакви фризури.