Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Макфакс/Кајгана
/ 19.02.2025 / 20:58

Американката Кристена Мареј, која несвесно носела и родила момче кое биолошки не било нејзино, презема правна постапка против клиника за вештачко оплодување поради несоодветно работење, откако била принудена да се откаже од старателството.

Мареј забременила со ин витро процедура во клиниката за плодност во мај 2023 година. При процедурата, клетките се комбинираат во лабораторија и потоа се имплантираат во женската матка.

Но, откако родила момче со различна боја на кожата од неа и донорот на сперма што го избрала – станало јасно дека ембрионот всушност припаѓа на друг пар.

Го одгледувала детето неколку месеци

И покрај грешката, Мареј сакала да го задржи детето и го чувала неколку месеци, додека биолошките родители не го добијат старателството над него.

„Носењето дете, заљубувањето во него, раѓањето и градењето уникатна врска помеѓу мајката и детето, сѐ за тоа да ми биде одземено. Никогаш нема целосно да закрепнам од ова“, изјави Мареј преку нејзиниот адвокат.

Мареј, која е бела, родила црно дете во декември 2023 година. Таа никогаш не објавувала фотографии од детето на интернет, ниту им дозволувала на пријателите и семејството да го видат.

Таа на крајот купила домашен комплет за ДНК тест, а резултатите од тестот што ги добила кон крајот на јануари 2024 година потврдиле дека таа и детето не се биолошки поврзани, се вели во тужбата што таа ја поднесе против клиниката.

Мареј ја известила клиниката еден месец подоцна, а тие потоа ги известиле биолошките родители кои ја тужеле за старателство.

Бебето сега живее со своите биолошки родители

Мареј на крајот доброволно се откажала откако нејзиниот адвокатски тим ѝ кажал дека нема шанси да победи на суд. Бебето сега живее со своите биолошки родители во друга држава и под друго име.

Во изјавата за CBS News, клиниката ја призна грешката и се извини.

„Ова беше изолиран инцидент“, се вели во соопштението.

„Истиот ден кога беше откриена оваа грешка, веднаш спроведовме темелна проверка и воведовме дополнителни заштитни мерки за понатамошна заштита на пациентите и да се осигураме дека таков инцидент нема да се повтори“.

Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Живот

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Дали стана „кул“ да се биде трезен?

Read more

Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Read more
 

Магазин

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе

Како спиењето во ладна соба може да ви помогне да ослабете?

Читај повеќе

Колку долго трае идеалниот секс?

Читај повеќе

Невролог споделува совети за забавување на стареењето на мозокот

Читај повеќе

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Читај повеќе

СЗО предупредува дека алкохолот во Европа е премногу евтин

Читај повеќе

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе