Белами е нов селектор на Велс

Крег Белами е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Велс, соопшти денеска Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ). Во соопштението за медиумите се наведува дека Белами потпишал договор до јуни 2028 година.

На велшкото селекторско столче на го менува Роберт Пејџ, кој беше отпуштен на 21 јуни.

„За мене е неверојатна чест што добив можност да ја водам мојата земја. Тоа е најгорд момент во мојата кариера. Мојата цел отсекогаш била да бидам селектор на Велс, подготвен сум за предизвикот“, рече Белами.

Новиот селектор на Велс во кариерата самостојно беше тренер на младинскиот тим на Андерлехт, а минатата сезона беше во стручниот штаб на Барнли како помошник на Венсан Компани. Во својата кариера настапуваше за Норич Сити, Ковентри Сити, Њукасл Јунајтед, Селтик, Блекбурн Роверс, Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Манчестер Сити и Кардиф Сити.

За репрезентацијата на Велс од 1998 до 2014 година настапи на 78 натпревари и постигна 19 голови. За малку не ја дочека ерата кога Велс почна да игра на големите натпреварувања, па во кариерата ќе му остане само настапот на Олимпијадата 2012 со репрезентацијата на Велика Британија. Само две години по пезнионирањето, Велс се пласираше на ЕУРО 2016.

Белами ќе дебитира како селектор на Велс на 6 септември дома во Кардиф на мечот против Турција во Лигата Б од Лигата на нации.

На 13 јули Белами ќе полни 45 години.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Фудбал

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Read more

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Read more

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Read more

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе