Белгија: Два смртни случаи најверојатно поради вакцината AstraZeneca

Белгиската агенција за лекови информираше дека се регистрирани два смртни случаи во земјата по вакцинација со AstraZeneca, смртта најверојатно се должи на вакцината, јави дописничката на МИА од Брисел.

Агенцијата секој четврток ја информира јавноста за несаканите дејствија од лековите и вакцините.

За првпат денеска се регистрирани две починати лица откако примиле доза од AstraZeneca.

Агенцијата порача дека нивната смрт најверојатно е поврзана за вакцината. Најчести нуспојави регистрирани во Белгија во вакцинацијата се покачена телесна температура, болки во мускулите и реакција на местото каде е примена вакцината.

Овие несакани дејствија најчесто се појавуваат по втората доза со вакцините на Pfizer и Moderna, и по првата доза со AstraZeneca.

Од сите 14.601 пријавени случаи на несакани појави, белгиската агенција смета дека 3.077 се сериозни.

Регистрирани се вкупно 126 смртни случаи, но само последните два се сметаат за поврзани со вакцината. Во Белгија досега речиси четири милиони граѓани примиле барем една доза вакцина.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе