Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Макфакс/Кајгана
/ 17.01.2025 / 15:40

Кралската фудбалска федерација на Белгија го отпушти тренерот Доменико Тедеско (39) по серијата лоши резултати. Неколку недели се очекуваше дека Тедеско ќе добие отказ, особено откако не се појави на жрепката за квалификациските групи за Мундијалот 2026.

Под водство на Тедеско, Белгија едвај се пласираше во осминафиналето на минатогодишното Европско првенство, а во Лигата на нации го освои третото место со само една победа во шесте натпревари. Овие резултати се во целосна спротивност со оние на почетокот на неговиот мандат, кога имаше серија од 13 натпревари без пораз.

Резултатскиот пад на белгиската репрезентација започна по судирот на Тедеско со првиот голман Тибо Куртоа, поради што голманот на Реал Мадрид одлучи дека повеќе нема да брани за националниот тим. Главен кандидат за наследник на Тедеско е Тјери Анри, кој му беше помошник на поранешниот тренер Роберто Мартинес.

Белгија е противник на Македонија во мундијалските квалификации. Во групата Ј покрај Белгија и Македонија се и Казахстан, Велс и Лихтенштајн. Македонија против Белгија игра на 6 јуни во Скопје, а вториот дуел е на 10 октомври во Белгија.

реклама

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе