Белград е најзагадениот главен град во светот, Скопје на 17-то место

Граѓаните на Белград повторно го дишат најзагадениот воздух во светот, а нивото на загаденост во главниот град на Србија се карактеризира како опасно по здравјето на жителите, јави дописникот на МИА од Белград.

Предизвикувачот за енормното загадување на воздухот во Белград, но и во другите градови во Србија, секако е грејната сезона со голем број индивидуални ложишта, а мерните станици кои го бележат квалитетот на воздухот покажуваат драстично зголемено присуство на ПМ честичките-171 US AQI.

Белград минатата година неколку пати беше најзагаден град во светот.

-Високото ниво на загаденост на воздухот може да биде опасно за сите луѓе, особено за чувствителните категории на населението како што се децата, трудниците, хроничните пациенти. Акутни проблеми предизвикани од аерозагадувањето се иритација на очите и носот, чешање, кашлање, чувство на задушување и недостиг на воздух. Поради ова, пациентите со знаци на бронхитис, влошување на хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ и бронхијална астма се меѓу првите кои доаѓаат кај лекарите, изјави за порталот Н1 прим. д-р Славица Плавшиќ, специјалист по белодробни заболувања.

Според податоците на Светската здравствена организација, поради лошиот воздух во Србија предвреме годишно умираат околу шест илјади луѓе, што Србија ја носи на неславното прво место во Европа и десетто во светот. Тие бројки се високи и во земјите во регионот бидејќи загадениот воздух не познава национални граници.

Најчист воздух дишат жителите на скандинавските земји, каде просечниот животен век е дури десет години подолг од Србија.

Попладнево Скопје е во жолтата, умерена категорија на загадување. Главниот град на Македонија е на 17 место со ПМ честички-124 US AQI. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе