Белград е вистинска епидемиолошка бомба

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде коронавирусот може нагло да почне да се пренесува.

Во гостување за РТС, Кон апелираше за почитување на мерките и за вклучување на сите инспекциски органи и оние кои треба да контролираат дали се спроведуваат мерките.

– Многу е важно да се разбере, сега е викенд, период кој претходно го решававме во полицискиот час, а сега ја имаме само својата свест и многу е важно да се контролираме, посочи Кон.

На прашањето каква е тековната состојба во Србија и дали поминат вториот врв од првиот бран, Кон одговори дека станува збор за многу сериозно прашање.

– Ние сме на високо ниво и таа крива се стабилизира, но се движиме по самиот раб, особено во Белград, додаде Кон.

Тој објасни дека кога се вели дека вирусот ги пробил епидемиолошките бариери, не значи дека епидемиолозите не ја вршат својата работа, туку дека продолжуваат да ги следат контактите.

– Суштината е дека вирусот е кај луѓето и дека релативно слободно се пренесува и оти е многу важно да се сфати овој момент, затоа што сега веќе немаме полициски час кој ја реши нашата состојба и сè што е пропишано мора да се почитува, истакна Кон.

Тој потсети дека е задолжително да се носат маски во затворено и на отворено каде не може да се одржува растојание од 1,5 метри.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе