Белорусија: Бруталната вистина за демонстрантите во затвор

Во Белорусија се ослободени голем дел од демонстрантите кои беа уапсени на протестите. Многумина од нив сведочат за малтретирања и понижувања. Тројца од нив за Deutsche Welle раскажуваат што доживеале и виделе.

 „Тепаа и прашуваа: ‘Дали сме ние фашисти?’ Кога те удираат со пендраци, гарантирано нема да одговориш: ‘Да, вие сте фашисти!'” Ова го раскажува Андреј, чие име всушност гласи поинаку и не сака да го каже јавно. „Но, што сте вие всушност”, прашува Андреј на сметка на полицајците кои го уапсиле и малтретирале, „ако вашата работа е да претепувате луѓе и тоа уште ви прави задоволство?”

Андреј е еден од речиси 7.000 луѓе кои беа уапсени за време на антивладините протести по претседателските избори. Повеќе од 2.000 демонстранти во четвртокот беа ослободени. Заменикот министер за внатрешни работи Алјаксандр Барсукоу се појави пред затворот во улица „Окрестина“ во Минск пред насобраните новинари и објави: „Малтретирања немаше!” Андреј и двајца други притворени за Deutsche Welle го раскажуваат сосема спротивното.

Со електрични палки по бубрезите

Павел Чудтка бил приведен на 10 август ноќта во центарот на Минск. Кога веќе лежел на земја, раскажува тој, полицајците го малтретирале со електрични пендреци во пределот на бубрезите. „Тоа не предизвикува видливи траги, но струјните удари ги чувствував и по неколку минути. Повеќе не можев ни да одам”. Неговиот врат и вилицата биле толку стегнати, што и по еден и пол ден не можел да зборува и тешко голтал. До денес му се тресат рацете. Покрај телесното мачење имало и понижување: „Ти се допаѓа ли ова?”, прашувале неговите мачители. „Сакаш уште? Ќе одиш повторно на протести на улица?”.

Потоа Павел бил одведен во затворот Окрестина, каде се наоѓале стотици демонстранти, видел дека многумина се претепани. Павел морал да стои во дворот на затворот, во позиција која предизвикува болки. „Два часа клечиш со рацете зад главата, а главата на земја. Или со главата и рацете се потпираш на ѕид пред тебе”. На секои 20 минути полицајците барале од притворените влечкајќи се на колена да се поместат од еден ѕид до друг, на оддалеченост од 20 до 30 метри.

Во времето додека бил таму, четирипати стигнало возило за брза помош, раскажува Павел, но не било пуштено во затворот, кој бил преполн: „Во келија од 10 квадратни метри беа по 25 луѓе, меѓу нив и малолетници, кои подоцна први беа пуштени”.

Тепање, понижувања и фалсификувани записници

Андреј бил уапсен во близина на метро-станицата Пушкинскаја, вечерта на 11 август. Уште во затворскиот транспортер бил удиран по нозете и морал да клечи. Кога го донесле на паркингот пред полициската централа, вели тој, „таму веќе лежеа 30 други луѓе со лицата на асфалтот. Меѓу нив со викање поминуваа стражари. Ние, новодојдените, исто така моравме да легнеме на земја, нѐ поздравија со пендреци и потоа нѐ испрскаа со вода”. Така, лежејќи на тлото, поминал околу три часа.

Андреј има хематоми на нозете и модрици на грбот. Но, сепак вели: „Јас имав среќа во несреќа. Видов луѓе кои излегуваа, а беа во навистина тешка состојба.”

Притворените морале да потпишат записници од испрашување, вели Андреј. Тие добивале претходно подготвен текст во кој стоело дека уапсениот „учествувал во недозволена акција, извикувал забранети слогани”. Оној кој се противел да го потпише записникот, бил одведуван во соседната соба и повторно тепан додека да потпише. Потоа биле затворани во преполни келии без да добијат ни вода за пиење. Следниот ден Андреј бил пренесен во затворот Окрестина, каде исто така бил измачуван. Бил ослободен два дена подоцна, на 13 август.

„Нека умрат од жед!”

Михаил се нашол во затворски транспортер со тешки повреди, раскажува тој. Биле повикани лекари. Една лекарка им се развикала на војниците дека се животни, а тие одговориле: „Добро, почни со работа!”. Михаил поминал една ноќ во полициската станица Ленин во Минск. И неговото име го променивме на негова желба.

Михаил не ни учествувал на демонстрациите, едноставно бил извлечен од автомобил. „Се најдовме во застој. Кон нас стигнаа луѓе со штитови и пендреци, мислам дека беа припадници на специјалните единици. Побараа да излеземе од автомобилите и да ги предадеме мобилните телефони. Контролираа дали имаме фотографии или видеа од протестите”. Михаил имал на телефонот видео кое покажувало луѓе со бело-црвено знаме, кое до 1995 година било национално знаме и сега го користи дел од опозицијата. Поради него бил веднаш уапсен, вели Михаил.

„Војниците кои ме спроведоа ме советуваа да бидам тивок, затоа не бев тепан. Но, други луѓе во затворскиот транспортер беа свирепо тепани. Покрај мене беше човек кој веќе не беше во состојба за зборува. Само стенкаше и изгледаше дека не може ни на нозете да се држи”.

Михаил бил однесен во полициската станица Ленин, и тој сведочи за малтретирања со пендреци и тупаници. Меѓу уапсените видел четири жени и еден тинејџер. Ноќта ја поминал стоејќи на отворено, со лицето кон ѕид и врзани раце. Иако чувствувал вртоглавица, не смеел да седне. Не добил ни вода за пиење. Еден од стражарите рекол: „Земете им ја водата, нека цркнат од жед!”.

Кога утрото бил ослободен, Михаил помислил дека сепак добро поминал, во споредба со сѐ што видел околу себе.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе