Белорускиот амбасадор во Словачка поднесе оставка

Минск, 18 август 2020 (МИА) – Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешчења, кој ги поддржа протестите против претседателот Александар Лукашенко, денеска ја објави својата оставка.

Американските медиуми пишуваат дека овој потег укажува на сè поголемото несогласување со официјалната политика во високите нивоа на власта во земјата.

Амбасадорот Лешчења во интервју кажа дека станува збор за „логичен потег“, откако  преку видео снимка дал поддршка за протестите, кои во земјата се одржуваат од 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко го доби шестиот мандат.

Во објавата од саботата, Лешчења изрази солидарност со сите оние кои излегоа на улиците на Белорусија да го искажат своето мислење и позиција на мирен начин, и истакна дека е шокиран од постапките на полицијата кон демонстрантите.

Лешчења за независниот белоруски портал Тут.би изјави дека, како амбасадор назначен од претседателот, се очекува да ја следи политиката за која се залага Лукашенко.

Амбасадорот рече дека Министерството за надворешни работи на Белорусија смета дека тој, со таквиот свој граѓански став, ја преминал таа граница.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, допрва треба да ја потпише оставката на амбасадорот.

Лешчења (52) е првиот висок владин претставник што ги поддржува протестите против Лукашенко. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе