Бендот „Њу Ордер“ и фотографот Антон Корбeјн на шестото издание на Скопје Синема Сити

На 19 септември, во дворот на Кинотека на С. Македонија, ќе започне шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Фестивалот е поделен во два блока: едниот дводневен блок ќе започне на 19 и 20 септември и во него ќе бидат прикажани 4 филма, а другиот дводневен блок ќе се одвива на 2 и 3 октомври и ќе бидат прикажани 6 филмови.

Филмот што ќе го отвори Фестивалот е „Декади“ на Мајк Кристи за бендот „Њу Ордер“, којшто е воедно и „Артист во фокус“. Секое издание на Скопје Синема Сити го отвора филм за одреден артист, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа се „Њу Ордер“, на кои Фестивалот им ја испрати наградата во Манчестер. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019) и Влатко Стефановски (2019).

Оваа награда ја изразува нашата почит за музиката на бендот, која практично претставува саундтрак на нашите животи и е нераздвоен дел од современата култура. Нивните песни се совршен спој од срце и душа, исполнети со музички иновации и смело експериментирање. Како резултат на тоа, нивната музика обележала повеќе музички сцени што се појавиле почнувајќи од 80-тите до денес. Тоа ги прави да се достојни на нашата восхит и почест.

Remote video URL

Вториот филм е портрет на реномираниот музички фотограф и режисер Антон Корбeјн, „Изнесено на виделина.“ Овој холандски фотограф е заслужен за неверојатни портрети на некои од најголемите музички ѕвезди последните 40 години. Со своите фотографии и спотови поврзува познати музички ѕвезди од калибарот на Ник Кејв, Дејвид Силвијан, U2, Depeche Mode, Metallica, Nirvana, Joy Division, Том Вејтс, Дејвид Боуви, REM, The Killers, Стоунс, Arcade Fire и многу други. Овој портрет го прикажува како работи на фотосесии со овие луѓе, како и на своите играни филмови како „Контрола“, биографскиот филм за Joy Division и „Американецот“ со Џорџ Клуни.

Remote video URL

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ и е организиран во соработка со Кинотека на С. Македонија.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе