Бенитес: Интер и Јуве се пред Милан во борбата за титулата

Поранешниот предводник на Интер и Наполи, Рафаел Бенитес, ги гледа Интер и Јувентус како главни фаворити за освојувањето на Скудетото сезонава.

„Интер и Јувентус се први фаворити. Солиден е и Милан, невозможно е да не го рачунате за кандидат и шампионот, но другиве две екипи во моментов се посупериорни“, рече тој за La Gazzetta dello Sport.

„Ги ценам засилувањата на Јуве, Ди Марија и Бремер. Исто така треба да се внимава на Наполи, а импресивно изгледа и Рома со новите засилувања. Мислам дека Мурињо има обврска да се бори за титулата“, додаде популарниот Рафа.

Рома навистина осетно се засили летово со доведувањето на Пауло Дибала, Џорџињо Вајналдум и Немања Матиќ.

Милан, од друга страна, имаше мирно лето со тоа што најзвучното име кое го донесоа е Шарл Де Кетеларе.

Интер се надева дека враќањето на Ромелу Лукаку ќе ја направи посакуваната разлика во борбата за Скудетото.

Бенитес моментално е слободен на пазарот на тренери откако годинава го напушти Евертон. Во Италија имаше неславна авантура во Интер во 2010 од јуни до декември, а од 2013 до 2015 го предводеше Наполи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе