Бензема е позитивен на COVID-19, во изолација наместо на подготовки

Реал Мадрид соопшти дека голгетерот Карим Бензема излегол позитивен на тестирањата за COVID-19 и не може да ги почне подготовките за новата сезона.

Проблеми за Кралскиот клуб и новиот тренер Карло Анчелоти во предсезонскиот период. Тимот се екипира за да ги почне подготовките за новата сезона 2021/22, но тоа ќе мора да го направи без повратникот во француската репрезентација, Карим Бензема.

„Реал Мадрид потврдува дека играчот Карим Бензема излезе позитивен на тестирањата за COVID-19“, кратко објави мадридскиот гигант.

URL

Бензема веднаш е ставен во самоизолација и нема да може да тренира под палката на Анчелоти сѐ додека не добие негативен тест.

Тој и онака касно се врати во клубот поради дополнителниот одмор кој го доби поради настапот со Франција на ЕУРО 2020. Сите фудбалери кои настапија на континенталното првенство според правилата на ФИФА смеат подоцна да се приклучат на клупските подготовки, за и тие да добијат заслужен одмор.

Реал веќе в недела игра пријателски натпревар против Ренџерс на „Иброкс Парк“ во Глазгов, а на 8 август има закажано пресметка со Милан. Новата сезона во Примера почнува на 14-ти кога Реал му гостува на Алавес.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе