УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Бензема објасни зошто ризикуваше со паненка

Реал Мадрид синоќа загуби од Манчестер Сити во првото полуфинале од Лигата на шампионите, но вниманието го привлече Карим Бензема кој постигна два гола, а особено ефектен беше пеналот при кој мајсторски ја изведе познатата паненка.

Во 82. минута од натпреварот при водство на „Граѓаните“ од 4:2 Бензема ја презеде одговорноста да го изведе ударот од белата точка, откако Емерик Лапорт играше со рака во казнениот простор. Иако ударот беше премногу важен поради конечниот резултат пред реваншот, бидејќи иако се работи за пораз не е исто кога треба да се брка еден или два гола, Бензема се одлучи да ризикува со популарниот удар кој на ЕУРО 1976 година во Белград на светот му го претстави Чехот Антонин Паненка, во чија чест и и именуван ударот. Го изведе мајсторски, а домашниот голман Едерсон воопшто не ни помисли дека Французинот ќе направи такво нешто, и беше совладан. Ваков удар колку и да е добро изведен е лесна топка за голманите доколку останат во место.

„Секогаш во глава ми е мислата дека доколку не изведуваш пенал, нема никогаш да промашиш пенал. Тоа е ментална самодоверба, ништо повеќе. Јас имам голема доверба во себе, затоа го направив тоа, и излезе добро“, објасни Бензема во изјава за новинари.

Remote video URL

Бензема презеде таков ризик и покрај тоа што беше во серија од два промашени пенали за Реал. Затоа стигна и пофалба од тренерот Карло Анчелоти кој изјави и дека не знаел дека Бензема ќе шутира паненка.

„Мислам дека направи промена бидејќи последните два пенала не му беа добри. Вежбаше на тренинзи, но не знаев на кој начин ќе го изведе. Ете ја одбра паненката и ја изведе навистина добро, покажувајќи силен карактер. Не е лесно во полуфинале од Лига на шампиони да шутнеш пенал на таков начин“

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе