Бергоми: Ја потценив короната, не можев ни забите да си ги измијам

Шампионот со Италија од 1982 година раскажува за неговото патешествие откако се заразил со коронавирусот.

Џузепе Бергоми, легендарниот италијански дефанзивец денес има 56 години и работи како тренер во академијата на Интер, клубот за кого настапуваше целата кариера. Покрај тоа, тој е и телевизиски коментатор на фудбалски натпревари. И тој, како и многу Италијанци, се заразил со COVID-19, но имал среќа да оздрави без последици. Сепак, она низ што поминал додека се борел со вирусот нема никогаш да го заборави.

На Instagram гостувањето кај Чичо Валенти, Бергоми ја сподели својата приказна.

Првите симптоми

„Значи, немав проблеми со дишењето, имав мала температура и ме болеше грбот. Направив магнетна резонанца, но немаше ништо. Потоа се појавија познатите проблеми со сетилата за мирис и вкус, по што ми се фатија двете нозе во долниот дел. Не можев ниту забите да си ги измијам“.

„Направив серолошки тест, покажа дека сум позитивен на ICG и негативен на IGM. На почетокот од март не бев добар петнаесетина дена, имав проблеми со чувството за мирис и со грбот, но не и со белите дробови“.

„Е сега, цела среќа што јас имав антитела, но ми објаснија дена тие не штитат 100 посто бидејќи вирусот мутира. Сепак, доколку треба повторно да се заразам, би ја одбрал полесната форма“

Бергоми во дуел со Диего Марадона на Мундијалот во 1990
Мислев дека е грип, другарите ми велеа да не се грижам

„Не ми беше страв. Но, цело време ми студеше, имав донесено две греалки. Мислев дека е грип, а потоа излегов позитивен. Пријателите ме зафркаваа и ми велеа дека премногу му ја мислам бидејќи живеам сам, но јас не бев добар, цело време имав болки, бев изнемоштен. Не можев ниту да седам од болката во грбот, па затоа бев цело време на нозе. Потоа ми велеа дека е подобро да не земам антиинфламатори“.

„По некое време болката ја снема, но сѐ траеше 20-25 дена. Сега сум топ, почнав и да трчам. Направив само серолошки тест, барав да ми земат и брис бидејќи сакав да бидам сигурен дека нема да заразам некој друг, но ми рекоа дека поминале 30 дена и нема потреба од такво нешто“.

Се однесував како будала

„Бев будала, го потценив вирусот. На 21 февруари го имав последниот тренинг и едно од децата имаше пневмонија, па потоа повеќе не трениравме. На 21-ви бев во Неапол да го коментирам натпреварот со Браселона, потоа бев во Перуџа да го гледам дуелот со Беневенто. Според мене, ептен го потценив, бев во контакт со премногу луѓе“.

Бергоми како дефанзивец буквално целата кариера ја мина играјќи за Интер од 1979 до 1999 година настапувајќи на вкупно 756 натпревари на кои постигна 28 голови. Освои едно Скудето, една Копа Италија, една Суперкопа и 3 пати УЕФА Купот.

Со репрезентацијата на Италија како 18-годишен беше дел од одбраната која ги предводеше „Аѕурите“ до триумф на Мундијалот во Шпанија 1982 година. Играше и на Мундијалите во 1986, 1990 и 1998.

Бергоми со пехарот од финалето во 1982
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе