Берлускони со спектакуларен напаѓачки тандем сака да атакува на ЛШ

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, на крајот на мај изјави дека по историскиот пласман во Серија А сака да ја освои титулата шампион на Италија и Лигата на шампионите.

Монца од следната сезона ќе игра во елитното италијанско друштво, а Берлускони и неговиот верен соработник Адријано Галијани напорно се подготвуваат за тоа.

Џанлука Ди Марцио пишува дека Берлускони и Галијани решиле да го формираат познатиот аргентински напаѓачки тандем Мауро Икарди - Пауло Дибала. Икарди (29) моментално е во ПСЖ, но таму не сметаат на него. Берлускони наводно стапил во контакт со сопругата и менаџерката на Икарди, Ванда Нара. Во Монца веруваат дека имаат што да го намамат да дојде поранешниот капитен на Интер.

Мета на Монца е и Пауло Дибала (28), чиј договор со Јувентус истече на 30 јуни. Дибала по седум години си замина од торинскиот клуб и сега клубовите не треба да плаќаат отштета за него. Проблемот е неговата плата. Имено, Дибала не сака да потпишува за помалку од седум милиони евра годишно, а ниту еден клуб во моментов не му го нуди тоа.

Ди Марцио затоа пишува дека Дибала е сон за Монца, но дека сè уште постои можност скапата аргентинска ѕвезда да премине во новиот италијански прволигаш. Монца мора да ја зајакне и одбраната. Ди Марцио тврди дека клубот ќе тргне по турскиот дефанзивец Каан Ајхан од Сасуоло и Оскар Мингеза од Барселона.

Клубот наскоро ќе го потврди доаѓањето на играчот од средниот ред на Интер Стефано Сенси, а претходно потпишаа и голманот Алесио Крањо и стоперите Андреа Карбони и Андреа Ранокја.

реклама

Во кои години жените имаат најголем сексуален нагон?

Read more

Босна има мал излез на море, но и една прекрасна плажа

Read more

Научници сакаат да го „оживеат“ изумрениот тасманиски тигар

Read more

Хороскопски знаци кои најдобро знаат како да уживаат во животот

Read more

Фудбал

Мурињо тргна по Белоти за убиствен напад

Read more

Рамос ги смирил Нејмар и Мбапе

Read more

Маск: Се шегував, нема да го купам Манчестер Јунајтед

Read more

Kлучната причина за катастрофата на Јунајтед: Глејзер извадиле огромна сума од клубот

Read more
 

Спорт

Мурињо тргна по Белоти за убиствен напад

Читај повеќе

Рамос ги смирил Нејмар и Мбапе

Читај повеќе

Цеље убедлив против Бутел на Струшкиот ракометен турнир

Читај повеќе

Маск: Се шегував, нема да го купам Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Kлучната причина за катастрофата на Јунајтед: Глејзер извадиле огромна сума од клубот

Читај повеќе

Легендарниот Радивој Корач постхумно во Куќата на славните

Читај повеќе

НБА ќе паузира на 8 ноември поради избори

Читај повеќе

ГН на Австралија нема да биде прва трка во Формула 1 ниту во 2023

Читај повеќе

Австралија без Кирјос на Дејвис купот

Читај повеќе