Бесплатен јавен превоз за скопјани е едно од решенијата за модерен главен град на Данела Арсовска

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција истакна дека ќе обезбеди брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, бидејќи тоа, како што рече, знае како да го направи, има искуство, знаење и контакти. Нагласи дека нејзиниот план содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот.

Нејзината визија, како што потенцира, е Скопје да стане модерен, европски, современ град и метропола на 21 век.

– Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај, да се запре неконтролирана градба, нови паркови, чистење на градот… За да успееме Скопје да биде модерен град мора да го менуваме. Ќе имплементираме реални проекти, ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани, Скопје ќе го направиме град на фестивали, ќе го заштитиме нашето зеленило и природа, но ќе креираме и нови паркови, рекреативни области во секоја општина. Ќе го вратиме сјајот на сите заборавени места во нашиот град, рече Арсовска, додавајќи дека најважно е да ги решат основните проблеми на оние кои немаат вода за пиење и канализација.

Нагласи дека ќе работи напорно уште од првиот ден и посочи дека ќе биде добар градоначалник и менаџер на овој град.

– На Скопје му треба градоначалник кој нема својата работа и себе да се става во фокус и дека нема да мисли само на својата политичка определба. Подготвена сум да влезам во оваа нова битка, битка за модерен, пред се за чист град. Нашето Скопје доста време беше запоставено, сите гледаме како градот ни тоне. Граѓаните на Скопје во минатото беа горди на овој наш град. Нештата ќе се сменат. Нема веќе празна демагогија, идеи за утопија. Само со посветеност, напорна работа и професионализам јас сум подготвена, со тим, со план, со визија, без утописки проекти, Скопје да го претворам во достоен град кој го заслужуваме, заклучи Арсовска.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе