Беспредметно е останувањето дома на родителите по отворањето на градинките

Беспредметно е останувањето дома на родителите на деца од предучилишна возраст и родилките по отворањето на градинките, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Со вчерашната одлука на Владата родителите на деца до 6 години се враќаат на работа на 23 септември. На 9 септември почнаа да работаат градинките и Центрите за ран детски развој. Тие почнаа да работаат согласно протокол, кој јасно ги дефинира условите за безбеден престој на децата во градинките и кој го сведува ризикот од зараза од COVID-19 на минимум, вели министерката Шахпаска.

Таа соопшти дека анализите што ги има направено Министерството за труд и социјална политика до 2 септември, говорат дека има простор за сместување на 19.000 деца, а интерес за сместување пројавиле 14.555. Во градинките уште на самиот почеток имало слободни 4.500 места.

– Приоритет имаа деца на самохраните родители и оние чии двајца родители се вработени. Оттука, потребата на овие родители да не одат на работа по отворањето на градинките е беспредметна. И затоа Владата јасно ја дефинираше одлуката вчера, дека родителите на овие деца треба да се вратат на работа, нагласи министерката.

Таа рече дека информациите кои дневно ги добиваат од градинките, говорат дека, дел од родителите не ги носат децата во градинка, иако ги запишале.

– Нашите сознанија говорат дека капацитетот на градинките не е исполнет и оти има простор за сместување на дополнителен број деца, нагласи Шахпаска.

Министерката смета дека продолженото породилно боледување ја губи смислата со отворањето на градинките.

– Тие родители ги чуваа своите дечиња затоа што градинките не функционираа. Оттука на вчерашната владина седница беше донесена одлука родилките коишто подолго од законски предвидениот рок за породилно боледување останале дома да се вратат на работа, вели Шахпаска.

Таа нагласи дека државата мора да функционира и системот мора да работи, а според процените на здравствените власти, најмалку ризична група се децата и тие треба да се вратат во градинка.

Министерката потенцира дека Владата ја следи состојбата, а во Министерството за труд и социјална политика е формирана Комисија составена од вработени за детска заштита, но и инспектори, кои одат на терен и ја следат состојбата во градините, во однос на тоа дали се почитуваат протоколите за заштита.

Појавата на вирусот COVID-19 во неколку предучилишните установи, според министерката Шахпаска, се инцидентни случаи.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе