Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· од 8:30 ч. до 15:00 ч. поголем дел од корисниците на ул. „Стоби“, ул. „Пробиштипска“, ул. „Мице Козар“ и дел од ул. „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров;
· во период од 9:00 ч. до 15:00 ч. дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, Општина Зелениково;
· во период од 9:00 ч. до 14:00 ч. корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија) во Општина Сарај.