Безос нуди две милијарди долари на НАСА, не се откажува од Месечината

Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, понуди да ги покрие трошоците на НАСА во износ од две милијарди долари, така што американската вселенска агенција ја преиспита можноста со него да потпише договор за изградба на возило за слетување на Месечината.

НАСА во април тоа му го довери на Илон Маск и неговата компанија SpaceX, одбивајќи ја понудата на Blue Origin на Безос. Договорот предвидува изградба на систем за слетување кој би носел астронаути на површината на Месечината најрано во 2024 година.

Иако се очекуваше дека двете компании ќе можат да учествуваат во проектот, Агенцијата, поради недостаток на средства, можеше да додели договор на само една. Сега Безос бара уште прилика да се натпреварува со SpaceX.

НАСА доби само 850 милиони долари од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот на САД, за изградба на возило за на Месечината.

Во отворено писмо до администраторот на Агенцијата, Бил Нелсон, Безос вели дека Blue Origin ќе го надополни недостатокот во буџетското финансирање со откажување од сите плаќања во износ од две милијарди долари.

НАСА засега не се огласи по ова барање на Безос.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Вести

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Read more

8 фасцинантни факти за октоподите

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more
 

Гик

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Читај повеќе