Бијонсе и Тејлор Свифт поставија рекорди на доделувањето на Греми наградите

Бијонсе стана најнаградуваната пејачка во историјата на Греми наградите. Американската пејачка постави рекорд со освојување на дваесет и осмата Греми награда.

Бијонсе стана најнаградуваната жена во историјата на Греми наградите на 63-тото доделување. Таа имаше девет номинации, најмногу од сите изведувачи во 2021 и испиша историја.

„Многу сум почестена и возбудена“, изјави Бијонсе, прифаќајќи ја наградата за најдобра изведба во категоријата Ар-ен-би.

Remote video URL

Поп-пејачката Тејлор Свифт стана првата пејачка на која трипати ѝ е доделено Греми за најдобар албум. Оваа година ја доби наградата за албумот „Folklore“, којшто го сними за време на вонредните ситуации поради пандемијата на коронавирусот. Пред тоа, само пејачите Френк Синатра, Пол Симон и Стиви Вондер беа наградени трипати за најдобар албум на годината.

Remote video URL

Со својата 28. Греми награда, Бијонсе се изедначи со продуцентот и композитор, легендарниот Квинси Џонс. Само диригентот Џорџо Солти е награден со Греми неколкупати повеќе од нив – вкупно 31 награда.

Песната „Everything I Wanted“ на Били Ајлиш освои Греми за песна на годината. Британецот Хери Стајлс победи во поп-соло категоријата за изведба на „Watermelon Sugar“, што е и негово прво Греми.

Раперката Меган Ди Сталион е прогласена за најдобра дебитантка, 26-годишната пејачка исто така беше наградена за рап изведбата на „Savage“, на кој гостува Бијонсе.

Remote video URL

Миранда Ламберт за „Wildcard“ освои Греми за најдобар кантри албум.

Дуа Липа освои Греми за најдобар поп албум.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе